• Latest

Промовиран портал за Отворено владино партнерство

December 9, 2020

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовиран портал за Отворено владино партнерство

December 9, 2020 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на можностите за навремено информирање на граѓаните, невладините организации, деловните субјекти и државните институции и нивно вклучување во иницијативата за Отворено владино партнерство (ОВП) треба да овозможи  денеска промовираниот веб портал за ОВП, што го развија  Министерството за информатичко општество и администрација во соработка  со Фондацијата Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество поддржан на УСАИД, пренесува МИА.

Ресорниот министер Јетон Шаќири на промоцијата на порталот истакна дека оваа електронска алатка преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот.

-Порталот за ОВП има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информации во четири сегменти: консултации за подготовка на Националниот Акциски План (НАП), следење на спроведувањето на НАП, како и за следење на работата на Советот за ОВП и на Мрежата на граѓански организации за ОВП. Истовремено темелено на искуствата од оваа година и наметнатата потреба од промена на начинот работата од физичко односно традиционално одржување на состаноци, порталот нуди можност за одржување онлајн виртуелни состаноци со разговори во живо и видео поврзување на учесниците, рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација.

Преку овој процес, укажа, се промовира и поттикнува идејата за транспарентноста која овозможува јавноста да го разбере работењето на Владата, а исто така и може да влијае врз нејзината работа преку вклучување во процесите на креирање на јавните политики и испораката на јавните услуги, но и да бара одговорност за нејзините политики и перформансите на испорачаните услуги.

Северна Македонија, е меѓу првите држави што се приклучија кон иницијативата за ОВП и преку четири акциски планови, според Шаќири, има значајни постигнувања во различни важни области. Конкретно, во фискалната транспарентност и отворени финансии, соработката со граѓанското општество, пристапот до информации од јавнен, партиципативното креирање на политики, отворени податоци, спречувањето на корупцијата, јавните набавки, транспарентност на локално ниво и пристапот до правда. Во септември годинава стартуваше подготовката на новиот национален акциски план за периодот 2021-2023, со активна вклученост на стотина претставници од граѓанскиот и јавниот сектор.

Министерот Шаќири се надева дека новиот портал ќе ја олесни комуникацијата и соработката помеѓу засегнатите страни вклучени во процесот  и на долг рок ќе помогне во следењето и унапредувањето на иницијативата за ОВП во нашата земја.

Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Северна Македонија,  потенцираше дека  ОВП е посебно важно  и корисно во нашиот поврзан свет, каде технологијата им овозможува на граѓаните да се поврзат со избраните и именуваните службени лица со еден клик,  порака… Со оваа поврзаност, укажа, граѓаните со право  бараат поголема респонзивност, отвореност, транспарентност и отчетност  од своите влади.

Северна Македонија се приклучи на партнерството во 2011 година, а на 10 годишнината од постоењето, наведе Кармин, важно е да ги обновите обврските  за подобрување до пристапот на информации, фискалната транспарентност, потребата од отворени податоци и пристапот до правда, како и многу други  итни приоритети. -Ние од Владата на САД сме тука да соработуваме со вас во овие напори.  Нашите приоритети за Северна Македонија и регионот исто така вклучуваат зголемена транспарентност и напори за борба против корупцијата, економски просперитет и можности за младите, потенцираше претставничката на УСАИД.

Како што потенцираше, Бардил Јашари од фондацијата „Маетаморфозис“, ОВП  е процес којшто е дизајниран да овозможи системски и постојан  дијалог помеѓу Владата и невладините организации и создава можност сите чинители  во општеството да учествуваат во обликување на политиките кои влијаат за подобрување на транспарентноста.

– Верувам дека платформата ќе стане централен ресурс за сите заинтересирани за Отвореното владино партнерство и можност за поголемо учество на сите заинтересирани. Со тоа ќе имаме инклузивен процес кој ќе резултира во подобри  акциски планови, а со тоа и поамбициозни реформи кои ќе придонесат  да имаме поефикасни и поотворени институции со што ќе придонесеме да се зголеми довербата на граѓаните  кон институциите, рече Јашари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ