• Latest

Шахпаска: Продолжуваме со инвестициите во раниот детски развој, Лозово со нова детска градинка

December 10, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Продолжуваме со инвестициите во раниот детски развој, Лозово со нова детска градинка

December 10, 2020 14:04
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на  отворањето на новата детска градинка „Срцко“ во Општина Лозово. Таа изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.

„Денес на Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата.

Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина,“ изјави министерката Шахпаска.

Градинката „Срцко“ има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. За нејзина изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика, инвестираше средства во износ од околу 13 милиони денари. Градинката е објект кој е граден по светски стандарди, со енергетски ефикасна фасада и објект кој ќе овозможи пријатен престој на децата и возрасните.

Министерката Шахпаска потенцираше дека Министерство за труд и социјална политика продолжува со инвестициите во раниот детски развој, преку отворање на нови градинки и зголемување на опфатот на деца во нив, со цел исполнување на Владината програма место за нови 7500 деца во нив, до крајот на мандатот.

Таа на вработените во градинката им посака успех во работата и им порача да работат посветено и одговорно  затоа што од нивниот ангажман и вложување во вистинска едукација на младите ја остваруваат својата мисија.

Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, истакна дека отворањето на детската градинка е решавање на  децениски проблем на жителите на оваа општина, за предучилишно воспитание и образование на нивните деца, во местото каде живеат. Притоа ја истакна важноста и  во поглед на развој на општината, како рурална средина и можностите кои се отвораат за развој на раниот детски развој на децата, кој  е од големо значење за понатамошниот развој како личности.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ