• Latest

Театарска претстава „Децата од прва клупа“ посветена на меѓуврсничкото насилство

December 13, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театарска претстава „Децата од прва клупа“ посветена на меѓуврсничкото насилство

December 13, 2020 09:13
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На онлајн платформата ЗУМ, денеска со почеток од 18 часот, ќе биде изведена драмската претстава „Децата од прва клупа“, наменета за сите средношколци на возраст од 15-18 години.

„Децата од прва клупа“ обработува теми поврзани со меѓуврсничко насилство, преку прикажување на различни искуства за меѓуврсничко насилство кои ги доживеале младите. Целта на оваа претстава е преку актерска игра да се прикажат последиците од меѓуврсничкото насилство кај младите, како и да се поттикне негово препознавање од страна на младите.

По претставата, публиката ќе има можност да се вклучи во отворена дискусија за меѓуврсничко насилство со актерите и педагозите.

– Бидејќи секој од нас е сведок дека насилното однесување зема се поголем замав, ваквите видови на проекти можат само да придонесат позитивен раст во однос на намалување на врсничкото насилно однесување. Кога го споменуваме насилното однесување мислиме на прекршување на правата на децата или младите или загрозување на нивниот живот. Начини на кои можат да се прекршат нивите права се многубројни, без разлика дали станува збор за навреда, удирање, дискриминација, отфрлање или било која активност што предизвикува вознемиреност, срам, или страв може да се смета за насилство. Прекршувањата на правата на децата и младите не се случува само во рамките на семејството. Тие се случуваат на улиците меѓу врсниците, а во последно време најмногу во училиштата. Од таа причина е инспирацијата за започнување на нашиот проект кој треба по неговата реализација да покаже позитивни ефекти и намалување на насилствата помеѓу врсниците, наведуваат организаторите на проектот, кој е поддржан од Град Скопје, Булфрогс Продукција и Здружението за уметнички и едукативни вредности – ДрамАрт.

Продуцент на претставата е Александра Никифоровски, а режијата е колективна. Во претставата играат актерите Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Винета Дамческа и Бојан Лазаров. Како стручни лица во областа на педагогијата се вклучени Мила Пановска и Сузана Аврамовска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ