• Latest

Набљудувачите на ЦИВИЛ во Штип и Пласница јавуваат за мирен и навремен почеток на изборниот ден

December 13, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Набљудувачите на ЦИВИЛ во Штип и Пласница јавуваат за мирен и навремен почеток на изборниот ден

December 13, 2020 09:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот ден во општините Штип и Пласница започна мирно и навремено. Набљудувачите на ЦИВИЛ известуваат дека имало неколку случаи во кои бележат непочитување на здравствените протоколи. На неколку места е забележано отстранување графити на објектите во кои се наоѓаат избирачките места, што е соодветно на правилата.

Во текот на ноќта е забележано кршење на изборниот молк. Извештај за почетокот на изборниот ден ЦИВИЛ објави на прес конференцијата во 11 часот.

Со информации за текот на предвремените локални избори за градоначалник во Штип и Пласница, ЦИВИЛ денеска ќе одржи пет прес конференции и тоа во: 11, 13, 17, 19 и 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусија.

Прес центарот во Штип се отвори во 6:30 минути наутро, а ќе го покрива и гласањето и во Пласница. Се очекува прес центарот да биде отворен цели 16 часа, до 22:30 часот, а по потреба и повеќе – јавуваат од Организацијата. Сите прес конференции ќе се пренесуваат во живо, на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

Првата прес конференција со првичните наоди за гласањето на 11 и 12 декември, како и извештај за мониторингот на изборната кампања, беше одржана синоќа во Штип, во 19 часот, исто така, пренесувана во живо.

Изборниот ден во Штип и Пласница го следат 30 акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ.

Еден дел од набљудувачите се активни од првиот ден на официјалната изборна кампања која започна на 21 ноември. Мониторингот се спроведува во 16 категории, вклучувајќи го и почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Во мониторингот спаѓаат и категории на нерегуларности како што се: закани и притисоци, вандализам и насилство, злоупотреба на деца, корупција и изборен поткуп, говорот на омразата и лажни вести.

ЦИВИЛ ги повикува и охрабрува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности во текот на денот на гласањето на онлајн формуларот на веб страницата Слободни избори.

Сите активности на ЦИВИЛ ќе бидат достапни и на медиумската платформа на организацијата, а дел од нив ќе можат да се следат и во живо на Фејсбук страницата ЦИВИЛ МК.

 


Извештај од прес конференцијата одржана на 12 декември во 19 часот:

ЦИВИЛ на прес конференција информираше за текот на изборите за градоначалници на општините Штип и Пласница

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ