• Latest

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушкувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка

December 15, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушкувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка

December 15, 2020 16:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување. Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите, треба да одговарат за своите дела. Не сакаме и нема да прејудицираме дали е некој виновен или не, но ќе сториме се тоа да се докаже низ правна постапка, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, пренесува МИА.

Маричиќ на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила владиниот агент, до 18 декември, односно во предвидениот рок, да го извести Евроспкиот суд за човекови права во Стразбур за ваквата одлука.

-Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа спротивни на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност, како и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше повторно воспостваување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани пред Судот во Стразбур, подвлече Маричиќ.

Пораката е, додаде, дека оваа Влада не е подготвена да прогласи врв на неказнивост.

-Ние немаме друга алетрнатива освен да останеме конзистентни на политиките и заложбите за неселективна правда што не ја загорузва пресумпцијата на невиност на обвинетите, истакна министерот.

Според него, не треба да се прашува што ако државата го изгуби спорот во Стразбур, туку колку државата ќе изгуби ако не влезе во овој спор.

– Во изминатиот период правевме сериозни анализи и консултации со домашни и странски експерти и врз основа на тоа одлучивме дека иаме добри шанси да влеземе во овој спор и да ги браниме нашите позиции, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека проектот „Вистината за Македонија“ инцираше силни оптшествени, политички и правни проемни во државата.

-Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Процесуирањето на кривичните постапки кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучиетлно и оние пто се предмет на аплиакциите поднесени до Судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кои се вреднува напредокот на нашата држава во процесот кон ЕУ, напомена министерот.

На 25 септември 2020 Судот во Стразбур на одговор до Владата достави две групи со вкупно девет апликации поднесени против државата. Обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското прислушување, односно од случаите на поранешното СЈО, поднесоа тужби пред Судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата на Иванов од 2016 година. Владата има рок да се произнесе до 18 декември 2020. До истиот рок треба да се произнесат и апликантите кои ја тужат државата. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ