• Latest

Последни обиди да се тргне бугарското вето до крајот на годината

December 16, 2020
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Последни обиди да се тргне бугарското вето до крајот на годината

December 16, 2020 09:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја за паралелно одвивање на имплементацијата на Договорот за добрососедство со пристапните преговори, пренесува МИА.

Според Захариева, Бугарија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку, таа смета дека процесот бил обратен, односно, како што рече „тие ги негираат правата на Бугарите“ наведувајќи дека „секој кој се определува како граѓанин со бугарски корени во земјава и понатаму се дискриминира“.

-Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците. Или правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат. Но, земјите не признаваат јазици или нации, туку само други држави, вели меѓу другото Захариева во интервју за „Велт“.

Прашана зошто нејзината земја го блокира почетокот на преговорите на С Македонија со ЕУ, Захариева дава серија причини, почнувајќи од имплементацијата на Договорот за добрососедство, обвинува за политизизација на работата на мешовитата историска комисија и за недоволно вложување во инфаструктурни проекти како железничкото поврзување на двете земји. На прашањето, дали има надеж да се најде компромис до крајот на годинава, кога завршува германското претседавање со ЕУ, Захариева одговара со цитат од францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане омразата.

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција објаснувајќи ги причините зошто нема да свика лидерска средба по објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, ги потврди уште еднаш позициите на Владата во однос на несогласувањата со Софија.

– Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција, која варувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно позади нашите позиции, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање за разговорите со Софија.

При отчетот за 100 дена од формирањето на неговиот Кабинет тој порача дека Владата постојано дава и ќе продолжи да дава идеи се додека не бидат надминати проблемите и пречките кои од страна на Бугарија се испоставија за нашата европска интеграција.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, пак, во обраќањето вчера на панелот: „Германското претседавање со Сооветот на ЕУ: неговите рефлексии внатре и надвор од ЕУ” оцени дека посветеноста на пријателска Германија и подготвеноста да продолжат да го туркаат проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан високо на агендата на ЕУ, дури и по завршувањето на нивното претседавање е уште една потврда за сработеното од наша страна и потреба од испорачување на обврските од другата. Предизвикот кој што ни е наметнат, вели, е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет, но и за нејзините принципи по кои ја препознаваме.

Со цел европскиот неуспех да не биде и наш неуспех, Димитров смета дека најдобриот одговор што С Македонија може да го даде во ситуација кога постојат објективни пречки на кои не може да влијаеме, е пронаоѓање креативни решенија и користење на сите средства кои ни се на располагање за зајакнување на реформската агенда во најзначајните полиња, во директна комуникација со земјите членки кои се спремни да ни помогнат во европеизирањето на македонското општество.

Според шефот на дипломатијата Бујар Османи нема подобар начин да се забрза имплементацијата на договорите за добрососедство, од самото забрзување на европската перспектива на државите од регионот.

-Билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија се веќе ставени во Договорот за пријателство и добрососедство и притоа Северна Македонија не бега од одговороностите што ги има во договорот, но сметаме дека двата процеса можат да се одвиваат паралелно еден покрај друг, изјави вчера Османи на заедничка прес-конференција со неговиот чешки колега Томас Петжичек во Прага.

Османи потсети дека речиси сите 26 земји членки се спротивставуваат на обидот за билатерализација на преговарачкиот процес, и тој став, рече тој, не е во интерес само на Северна Македонија туку и на самиот преговарачки процес и неговата улога во европска трансформација на регионот. Европскиот процес, дополни Османи, не треба да биде заложник на билатералните прашања на Северна Македонија, ниту на која било друга земја од Западен Балкан.

-За жал, и покрај фактот што Европскиот совет со консензус во март годинава после 15 години канидатски статус донесе одлука за преговори меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, и покрај очекувањата дека наредниот чекор за одржување на првата меѓувладина конфеенција е само техничка операционализација на една веќе донесена политичка одлука со консензус оваа година, за жал, ЕС не успеа да го усогласи текстот на преговарачката рамка минатата недела и покрај постоењето на некои повеќе теоретски можности тоа да се корегира во текот на оваа недела и со тоа се направи голема штета на европската перспектива на регионот и не се валоризираа успесите на државата, рече Османи во Прага која е дел од неговата мини-турнејата на четири европски метрополи во рамки на дипломатската офанзива за кревање на ветото од Софија.

Шефот на чешката дипломатија Томас Петжичек, во врска со одржувањето на првата меѓувладина конференција изрази надеж дека оваа и наредната недела се уште има простор тоа да се реши, да се стаса до некаков компромис.

-Чешка ги поддржува напорите на германското претседателство за тоа да се постигне договор и Бугарија да се откаже од своите барања на некој начин и да се стигне до компромис. Се надевам дека меѓувладината конференција би можела да почне, но тоа зависи од утрешниот состанок во Брисел, рече вчера  Петжичек.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаветоевроинтеграцииЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ