• Latest

Пендаровски: Ако го сочуваме највредното – здравјето, за сите други проблеми ќе бараме решенија

December 16, 2020

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Ако го сочуваме највредното – здравјето, за сите други проблеми ќе бараме решенија

December 16, 2020 13:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатава година, како народ, поминавме низ најголемата голгота каква што не паметат ниту нашите највозрасни граѓани. Плативме огромна цена, над 2.100 наши сограѓани го изгубија својот живот, многу семејства останаа унесреќени за навек, истака претседателот Стево Пендаровски на почетокот во годишното обраќање во Собранието на Република Северна Македонија., пренесува МИА.

Тој изрази сочувство до најблиските на сите кои ги загубија животите како последица на пандемијата со Ковид-19 и ги замоли присутните во собраниската сала да оддадат почит со едноминутен молк на 2169-те сограѓани кои ја загубија битката со вирусот.

Притоа изрази благодарност на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата. – Тие се вистинските херои на оваа 2020 која сосема неочекувано стана една од најтешките години од нашата независност, и кои секојдневно, на дело покажуваат дека хуманоста и солидарноста не се заборавени категории и дека децениите на тешко живеење и години на мачна транзиција не нѐ обесчовечија, за да заборавиме на страдањата на другите, рече Пендровски.

Пандемијата, како што посочи, требаше да биде момент на отрезнување за сите во државата и да доведе до сплотување на нацијата соочена со непознатиот противник, без оглед на сосема легитимните политички, етнички и човечки разлики меѓу нас. – Во еден дел таа го постигна тоа, меѓутоа, за жал, во другиот, ги засили постоечките антагонизми, го зголеми јазот на поделби во општеството и исфрли на површина институционални слабости, што сѐ заедно, покрај здравствената и политичка криза, ја поткопа и економијата, која кон крајот на годинава и официјално влезе во рецесија, додаде претседателот.

Во своето обраќање Пендаровски потсети дека државата речиси девет месеци остана без функционално Собрание и мораше за прв пат од нашата независност, да биде воведена вонредна состојба за да овозможиме системот да функционира, економијата да преживее, а Владата да има поширок правен простор да им помогне на граѓаните и на стопанските субјекти кои беа најтешко погодени.

-Сите ги паметиме мачните сцени, дури и во некои од најмоќните држави на светот, каде што луѓето чекаа пред вратите на болниците во кои немаше слободен кревет. Пандемијата изврши огромен притисок врз нашиот здравствен систем, но, секоја објективна анализа ќе покаже дека државата, генерално, ја менаџираше состојбата со пандемијата на рационален начин со планска дистрибуција на ограничените ресурси кои ни се на располагање, со што избегнавме колапс што веројатно ќе значеше поголем број на жртви и заболени, истакна шефот на државата.

За време на пандемијата, како што потсети претседателот, организираме парламентарни избори, на кои околу 940.000 луѓе го искористија своето право на глас, но, масовната бројка на гласачи не беше причина за ширење на вирусот.

– Изборите кои во време на пандемија беа едни од првите организирани во светот, беа оценети од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како демократски, и тоа покажа дека имаме капацитет и во исклучително сложени услови да организираме избори и да формираме демократски институции, додаде шефот на државата.

Потсети дека неколку пати го свика Советот за безбедност за да се договорат за подобра координација меѓу институциите и имплементација на неоходните мерки, а, ја вклучи и Армијата во поддршка на здравствениот сектор и полицијата и за време на вонредната состојба и за време на кризните состојби прогласени на општинско и на државно ниво.

-Знам дека ваквите оценки нема ништо да им значат на семејствата кои ги изгубија своите најмили, но, структурното, децениско пропаѓање на здравствениот систем лесно можеше да придонесе за уште полоши резултати, ако не беше деноноќниот ангажман на здравствените работници, војската, полицијата и на илјадниците волонтери, рече Пендаровски.

Најави дека прва и најважна задача што нѐ очекува како држава, веднаш по ставањето под контрола на пандемијата е да се направи длабинска анализа за функционирањето на нашиот правен, политички и економски поредок во изминатава година и, како што рече „да извлечеме поуки и да ги поставиме на здрави основи сите делови од системот кои потфрлија, затоа што никој не знае дали некоја нова пандемија не нѐ чека веќе на следиот свиок на историјата“.

Претседателот Пендаровски посочи дека на почетокот на следната година ќе иницира јавна дебата која треба да даде придонес за изработка на закони за воена и вонредна состојба и правна рамка за реформа на целокупниот систем на кризниот менаџмент.

– Притоа, единствената наша цел треба да биде да ги додефинираме правните основи за подобра координација меѓу институциите во кризни времиња, поголема транспарентност во нивната работа и подобри механизми за контрола како брана против евентуалните злоупотреби од страна на власта, додаде претседателот.

Меѓутоа, како што рече, постои нешто што со ниту еден закон не може да се регулира и каде што ниту една уредба и правилник не помагаат.

– Ограничувањето на човековите права и слободи, а особено ограничувањето на движењето и на социјалните контакти меѓу луѓето, што беше изнудена мерка, имаа и значаен негативен психолошки ефект врз граѓаните. Имам чувство дека во такви услови кога наша примарна задача беше борбата со вирусот, не само овде и не само ние, недоволно внимание посветивме на ранливоста на граѓаните кон пропагандата, дезинформациите и лажните вести во оваа посебна општествена состојба, нагласи Пендаровски.

Истакна дека справувањето со здравствената криза е сериозен предизвик, но, избегнување на долгорочните негативни последици од недовербата на граѓаните во институциите, но и во науката и струката, која се интензивираше во време на пандемијата, е не помал предизвик.

-Она што сигурно нѐ очекува е нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат преку ширење на теории на заговор на социјалните мрежи. Затоа, кампањата за вакцинирање, кое секако ќе биде на доброволна основа, ќе мора да се води и преку лични примери. Не смееме да дозволиме, во 21-от век, за вакви сериозни прашања, полуписмени шарлатани и надрилекари да доминираат над најголемите научни имиња и институти кои во изминативе два века, од појавата на првите вакцини, спасија милиони човечки животи, истакна Пендаровски во обраќањето во Собранието на Република Северна Македонија.

Честитајќи ги претстојните празници, како што нагласи, не само како претседател, туку како еден од граѓаните на земјава, упати апел претстојните празници да се прослават дома во кругот на најблиските за да го сочуваме најскапоценото што го имаме – здравјето и животот.

– Кога издржавме цела година, со маски, карантин, изолација и ограничено движење, како што истакна претседателот, треба да издржиме уште некој месец пред да почнеме да се враќаме во нормала. Ќе има време и за излегување и за дружење и за муабети со пријателите и другарите. Но, премногу луѓе изгубивме за да си дозволиме нови човечки и семејни трагедии, забележа шефот на државата.

Посакувајќи им здравје на сите во 2021-та, Пендаровски порача дека ако го сочуваме највредното – здравјето, за сите други проблеми и тежини кои животот секогаш ги носи со себе, ќе бараме решенија и ќе си помагаме едни со други.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на обраќањето на Пендаровски излегоа пред говорницата со транспаренти против шефот, по што ја напуштија собраниската сала.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ