• Latest

Cessante ratione legis cessat ipsa lex

December 17, 2020
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Cessante ratione legis cessat ipsa lex

Кога ќе ја снема причината за законот, исчезнува самиот закон.

December 17, 2020 07:30
in ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

За Македонија да стане држава во значењето кое овој поим го има на актуелното цивилизациско ниво од развојот на човештвото, меѓу другото треба:

– министрите да научат да работат со министерствата, а не со неколку свои другарчиња (во моментов најголем број од министрите немаат појма од содржината со која се бави конкретното министерство, немаат искуство во организацијата на работата, не знаат што да прават со вработените, соработуваат со еден-двајца, а најблиски соработници им се вообичаено техничката секретарка и шоферот)

– јавното добро да биде заштитено на еднакво (ако не и повисоко) ниво од приватната сопственост (во моментот јавното добро се третира како ничија сопственост која може да се продава, изнајмува, дава под концесија без никаква одговорност за тоа што се случува со неа)

– да биде воспоставено институционално помнење кое задира барем 20 години наназад (во моментот секој кој ќе дојде на власт почнува од нула, а сѐ што е направено во министерството или се отфрла како потполно спротивно на актуелната политика, или едноставно не постои по заминување на секретарката која ги чувала фајлите во своето шкафче)

–  партиската книшка да нема апсолутно никаква врска со вработувањето и кариерното напредување (во моментот не е потребна никаква друга квалификација, знаење, вештина, искуство, потреба, освен припадноста на конкретна политичка партија)

За Македонија да стане демократска држава во значењето кое овој поим го има на актуелното цивилизациско нив, меѓу другото треба:

– парламентарците да имаат свое мислење, доволен интелектуален капацитет да знаат за што гласаат и доволен морален капацитет да се спротивстават на неправото (во моментот парламентарците се обични марионети или платеници на партискиот врв кои добиваат детални инструкции за што, како и колку да гласаат, зборуваат, или не зборуваат)

–   бенефициите на  функционерите во власта  да бидат поставена во релација со глобалниот економски капацитет на државата и нивото на сработеното (во моментот функционерите своите плати и други примања ги доживуваат како награда за дотогашните партиски активности, а одговорноста ја сведуваат на одговорност за исполнување на зададените задачи пред партискиот врв)

– демократскиот избор во исто време да значи и демократска контрола над секоја активност, секој збор, секое дејствие, секое трошење, секоја грешка во спроведувањето на надлежностите (во моментот демократскиот избор значи одврзани раце, неконтролирано владеење и потполна неодговорност за било која активност, трошење на парите, искажани ставови, прекршувања на законите)

– да биде поставена јасна граница меѓу партијата и државата (во моментот ваква граница не постои и во државните институции наместо административна се воспоставува партиска хиерархија, а односот меѓу позицијата и опозицијата е цело време на ниво на изборна борба и изборни памфлети).

За Македонија да стане правна држава во значењето кое овој поим го има на актуелниот степен од општествениот развој, треба:

– законите да се носат во редовна процедура која овозможува широка расправа (во моментот огромен број закони се носат по скратена постапка, без суштинско учество на јавноста, а многу често и без знаење на јавноста)

– законите да се носат затоа што созреале условите за регулирање на одредена материја на соодветен начин  и траат со години (во моментот законите се носат со цел легализирање на секоја, а често и неправна, активност на владејачката структура и важат сѐ до следната потреба на оваа структура)

– во законите е предвиден понизок праг на толеранција за прекршувања на правилата направени од страна на функционерите и раководниот кадар во државата (во моментот постои систем на неказнивост и висока заштита на било кој функционер во централната и локална власт од одговарање за направени прекршувања на законите)

– да постојат независни контролни механизми кои имаа капаците и моќ која ги прави застрашувачки за било кој што ја држи власта (во моментот, контролните механизми се партиски диригирани, потполно немоќни и нивното делување е сведено на медиумски настап или на ниво на делување на здружение на граѓани).

Има многу причини заради кои Македонија е на ова дереџе од развојот, меѓутоа, резултатот е очигледно негативен. Очигледно веќе подолг период нештата не се прават како што треба.

Некои работи може да се поправат.

Некои работи може да се модификуваат.

А, некои работи ќе мора да ги почнеме од самиот почеток затоа што се поставени на сосема погрешни темели и едноставно не можат да опстојат.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ