• Latest

Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, за нас сите граѓани се еднакви

December 17, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, за нас сите граѓани се еднакви

December 17, 2020 15:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. За нас сите граѓани се исти и секој има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општеството ја прават различностите“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн настан како дел од завршната конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) – Заштита од дискриминација“, во организација на Институтот за човекови права.

Министерката ја потенцираше важноста од носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој претставува  законско решение за кого гласаа заедно и власта и опозицијата, што е вистински сигнал дека нашето општество се движи во вистинска насока.

Таа воедно зборуваше и за активностите и политиките кои во моментот се реализираат, како што е Акцискиот план за  унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, а она на кое треба да се работи периодот кој доаѓа е Евалуација на стратегијата за еднаквост и недискриминација која што ќе претставува темел за создавање на нова стратегија. Воспоставувањето на СОС линијата за ЛГБТ заедницата и првиот шелтер центар за лицата од ЛГБТ заедницата се дел од проектите кои се реализирани.

Министерката го истакна значењето на секој од нас од својата позиција, а особено вршителите на јавни функции, граѓанскиот сектор, да придонесат во овозможувањето на уживање на сите права на еднакви основи за сите граѓани, како правото на образование, здравствена заштита, правата на учество во јавниот и политичкиот живот. Таа додаде дека без разлика дали се работи за лица од ЛГБТ заедницата, лицата со попреченост, политичари или работници, дискриминација не смее да постои.

Шахпаска го потенцираше успехот на нашата земја на картата на Rainbow за 2020 година карта која ги рангира земјите во однос на напредокот во почитувањето на лицата на ЛГБТ заедницата, каде сме  рангирани на 33 позицијата односно бележиме скок за  12 позиции во однос на минатата година.

„Тоа значи дека нашата земја сериозно чекори во имплементацијата на човековите права како еден од условите да станеме рамноправен член на големото европско семејство“, заклучи Шахпаска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ