• Latest

Димитровска: Домашните организации што ги набљудуваат изборите треба да бидат вклучени во изборните реформи

December 22, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Димитровска: Домашните организации што ги набљудуваат изборите треба да бидат вклучени во изборните реформи

December 22, 2020 13:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, зборуваше за правото на избор на лицата со попреченост, забелешките во однос на остварување на нивното гласачко право и правото на учество на домашните организации што вршат изборен мониторинг, во изборните реформи.

„Ние на овие избори излеговме со најголем број на набљудувачи што покажува и докажува дека лицата со попреченост не се плашат од предизвиците, туку ги совладуваат најдобро од сите. Ние имавме 80 набљудувачи заедно со тимот на Инклузива од кои 67 беа лица со попреченост. Сите останаа здрави, што покажа дека организацијата на изборите беше безбедна иако сите се плашевме во однос на безбедноста на гласачите.

Во однос на мониторингот на изборите имавме забелешки, но тие се провлекуваат години наназад. Во однос на правото на глас на гласачите со попреченост, веќе подолго време работиме со ДИК која е отворена за соработка и дава резултат. Беа создадени нови алатки, а ние продолживме заедно да работиме на подобрување на алатките, но сепак останаа нерешени системските проблеми, односно проблемите во правната рамка во изборното законодавство.

Исклучува граѓани со попреченост кои немаат право на избор, не зборувам само на немање право на глас туку ги нема ниту во Избирачкиот список. Тоа е една од препораките и на ОБСЕ/ОДИХР.

Тие препораки кои ги имаат меѓународните набљудувачки мисии, ги црпат од домашните набљудувачи. И не ми е јасно и никогаш не ми било јасно како тоа во работните групи домашните организации кои ги набљудуваат изборите нема да бидат вклучени, а ќе биде меѓународниот фактор кој постојано се консултира со нас. Сметам дека ниедна од тие меѓународни организации ги немаат препораките на Инклузива во целост затоа што ова е специфична категорија на граѓани на која им е одземено едно основно човеков право, односно правото на избор.

Нашата држава е потписник на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и од 2011 година кога е ратификувана оваа Конвенција државата има обврска да ги почитува сите права и да ја  усогласи изборната првана рамка со одредбите од Конвенцијата.

Јавно барам да бидеме вклучени во работната група затоа што никој од наведените членови на работната група не може да ја застапува оваа категорија на граѓани како што ние ќе ја застапуваме бидејќи имаме податоци од терен.

Би им препорачала на институциите и на политичките партии да не ги забораваат лицата со попреченост и нивните права. Тие се еднакво вградени како и сите останати, но нивното учество е оневозможено. Заедно да дадеме придонес и да се вклучат и еднакво да го остваруваат своето право на избор, да бидат гласачи, кандидати, набљудувачи на секој сегмент на општеството. Единствено така ќе почувствуваме сите заедно дека во нашата држава има демократија“, изјави Димитровска.

Б. Ј.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехемети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ