Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава, велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, пренесува 360 степени.
„За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“, велат во изјавата словачкиот амбасадор и чешкиот заменик-амбасадор.