• Latest

Лажна вест е дека почина медицинската сестра која се онесвести по вакцинирањето против Ковид-19

December 23, 2020

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажна вест е дека почина медицинската сестра која се онесвести по вакцинирањето против Ковид-19

December 23, 2020 16:25
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во вирален Фејсбук пост, споделен над 120 пати, лажно се тврди дека медицинската сестра од американската држава Тенеси, која што се онесвести по примањето на Фајзеровата вакцина против ковид 19, наводно починала. Меѓутоа, таа не само што не е почината, туку и онесвестувањето по примањето на вакцината не е поврзано со самата вакцинација, туку со медицинска состојба што таа ја имала подолго време и која често пати придонесувала да ја губи свеста, објави Вистиномер.мк.

Станува збор за медицинската сестра Тифани Довер, која се онесвести на телевизиска прес конференција само 17 минути откако ја прими вакцината против ковид 19. Таа зборуваше зошто е важно здравствените работници да се вакцинираат. После неколку денови, таа изјави дека има синдром што предизвикува да се онесвестува кога и да почувствува болка, додавајќи дека не е скептична за вакцината и дека не е загрижена за нејзините несакани последици. Голем дел од медиумите и новинарите од светските новински куќи коментираа дека не е добра идејата изјави на телевизија да дава медицинска сестра за која е познато дека има склоност кон онесвестување откако ќе почувствува болка, затоа што тоа може да доведе до погрешен контекст, односно луѓето погрешно да заклучат дека онесвестувањето има некаква врска со вакцинацијата, што не е случај. Синдромот што го има Довер се вика Vasovagal Suncope, име кое е дадено за да се опише ненадејно онесвестување од тригери како болка, игли, дехидратација или глад.

Меѓутоа, во постот кој што го рецензираме и го оценуваме како невистинит, ниедна од овие информации кои подобро може да го објаснат контекстот, не се наведени! Само се наведува дека медицинската сестра изгубила свест во директниот телевизиски пренос по вакцинирањето со фајзеровата вакцина.

Освен тоа, Центарот за контрола и превенција на болести посочува дека добиле извештаи за луѓе кои се онесвестуваат после речиси секоја возможна вакцина.

Но, постот кој го рецензираме оди и чекор понатаму, лажно тврдејќи дека Довер починала. Медиумите веќе објавуваат дека ова не е вистина, повикувајќи се на твит од болницата во кој се информира јавноста дека таа е добра и жива.

Болницата (CHI Memorial Hospital) потврди дека Довер е добро и жива. Медицинската сестра Тифани Довер се заблагодарува за загриженоста за нејзиното здравје. Таа е дома и е добра. Таа бара приватност за себе и за нејзиното семејство, напиша болницата.

Покрај ова, на 21. декември на Твитер појави и краток видео клип во кој се гледа сестра Тифани окружена со своите колеги од болницата:

 

Оттука, ниту е вистина дека Довер се онесвестила поради фајзеровата вакцина, ниту е вистина дека починала по примањето на вакцината.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ