• Latest

Поведени дисциплински постапки против пет јавни обвинители

December 29, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поведени дисциплински постапки против пет јавни обвинители

December 29, 2020 13:35
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година водевме дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната онлајн средба со новинарите.

Притоа, тој посочи дека еден обвинител од ОЈО Скопје, кај кого било утврдено нестручно работење, поднел оставка која ја констатирал Советот на јавни обвинители.

Јовески рече дека е донесен Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување, со што ќе се подобрува квалитетот на работењето. – Ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, квантитативно и квалитативно, рече Јовески.

На брифингот Јовески посочи дека  2020 година е тешка година за сите, исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители.

– Нашата надлежност и предмет на работа бара постојан континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. Надлежни сме за гонење на криминалот, а тој не запира, дури и кога има пандемија. Обврзани сме со рокови во преземањето на нашите дејствија, на целосно прибирање на материјални и вербални докази за да имаме издржани обвиненија, рече Јовески.

И во услови на пандемија, како што додаде, со поинаква организација на работата, Обвинителството обезбеди непреченото одвивање на истрагите и постапките по другите предмети, почитувајќи ги целосно здравствените протоколи.

– Во оваа година обвинителствата постапуваа против над 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Само за време на вонредната состојба беа поведени и се завршени постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи, истакна Јовески.

Обинителството, како што додаде тој, почитувајќи го начелото за презумпција на невиност ги објавува сите информации, за кои нема законска пречка и кои нема да наштетат на постапката. Само во оваа година, како што посочи, објавени се 825 соопштенија, што е двојно повеќе од претходната година, а покрај тоа редовно одговарале на прашања за кои јавноста имаше интерес.

Во оваа прилика Јовевски потсети дека со години Јавното обвинителство има недостаток на материјални и човечки ресурси, со што многу им било отежнато работењето.

– Меѓутоа сакам да истакнам дека годинава беа избрани нови 18 јавни обвинители, а во завршна фаза е постапката за вработување на 70 работници на различни работни места од кои повеќето се неопходните јавно-обвинителски стручни соработници. Овие нови вработувања значително ќе ги подобрат капацитетите на јавното обвинителство, но сакам да кажам дека неопходно е и натаму да се засилуваат човечките ресурси во обвинителството, нагласи државниот јавен обвинител.

Од не помало значење, како што рече тој, е што во оваа година профункционираа четирите истражни центри во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и основните јавни обвинителства во Скопје, Куманово и Тетово.

Јовевски посочи дека во годинава која изминува со средства од фондовите на Европската унија целосно се реновирани просториите на девет основни јавни обвинителства, а две обвинителства добија нови простории.

– Во втората половина на годинава започна примената на новиот Закон за јавно обвинителство со кој се унапредува организацијата и работењето на Обвинителството. Значајно е што се гарантираат 0,4 проценти од Буџетот за работа на обвинителствата, истакна Јовески.

Имајќи ја предвид состојбата во државата предизвикана од пандемијата, за 2021, како што рече Јовески, е обезбеден Буџет на јавното обвинителство во висина од 0,2 отсто. – Да нагласам дека треба сите да бидеме солидарни и да помогнеме во заложбите за справување со потешкотиите предизвикани од опасниот вирус, додаде тој.

Jавните обвинители, како што истакна Јовески, постапуваа и превземаа дејствија и по предметите преземени од Специјалното јавно обвинителство, со што во неколку предмети се поднесени обвиненија или други одлуки согласно доказните материјали, а продолжија и со застапување по предметите по кои претходно беа поднесени обвиненија.

– Јавно сакам да кажам дека Обвинителството постапува непристрасно и неселективно се гонат сторители на кривични дела. Обвинителството на овој начин ќе продолжи да работи и следната година, рече државниот јавен обвинител Јовески посакувајќи во новата 2021 година добро здравје, успеси и благосостојба, а воедно упати и апел за одговорно однесување кон здравствените прописи за да можеме брзо да се вратиме во редовни услови на живеење.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ