Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и спроведување на комуникациската стратегија во Владата на Република Северна Македонија, за Перспективи 2021, во организација на ЦИВИЛ.
„Ние сме на прагот на една нова година во којашто имаме навистина очекувања да ќе биде подобра од претходната. Мислам дека тоа и секој граѓанин веќе го зборува и јавно, некако како сите да велат нека замине што поскоро оваа Ковид 2020та. За жал, јас мислам дека и следната ќе биде Ковид, се разбира ќе биде година на излез од Ковид. Пред сé, мислам дека ќе продолжат оние, би ги нарекол, вонредни или кризни комунакицаии во јавност поврзани со справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19, со тоа што овој пат имаме нов предизвик пред нас, а тоа е информирањето на населението во врска со вакцината.
Во 2021 треба да се случи масовна вакцинација на светската популација, вклучително и на граѓаните на Северна Македонија и очекувам тука масовно информирање од страна на Владата, на институциите кон граѓаните со цел да ги доближат информациите за бенефитот од вакцината, дека тоа е проверена научна состојка, медицинска којашто и тоа како треба сите граѓани да ја примат со цел да се заштитиме од светската пандемија. Ние имавме безброј дезинформации околу појавата на Ковид, сега ќе се соочиме, веќе се соочуваме со нови дезинформации околу вакцината и затоа велам дека Ковид-19 и вакцината, како една од главните мерки поврзани со излезот од таа пандемија, ќе бидат во главниот фокус и понатаму.
Се разбира, информирањето околу мерките, околу заштитата, маските, дистанцата, негрупираето ќе продолжат. Се надевам имајќи ја во предвид вакцината во помал обем. Но, ќе продолжи информирањето за мерките што државата ги обезбедува за ранливите категории граѓани и за сите граѓани кои се погодени од кризата, без разлика дали станува збор за економска помош, дали станува збор за друг тип на социјална помош или за здравствена мерка, несомнено Ковид и во 2021 ќе биде тема број еден.
Од кризните комуникации или од вонредните, мислам дека односите Северна Македонија-Бугарија ќе продолжат да бидат во врвот на интересот на јавноста, на медиумите и на политичките случувања. Особено бидејќи се поврзани со почетокот на прегворите на Северна Македонија со Европската унија за членство во Унијата. Очекувам во 2021 да почнеме преговори и да имаме масовна комуникација, интензивна комуникација околу стартот на преговорите, што би рекол, во почетокот, првиот период од годината повеќе информации во јавноста околу преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, со надеж дека ќе биде постигнато решение, информирање на граѓаните околу самото решение и понатаму околу стартот на преговорите. И тоа е околу оние да речеме кризни или теми коишто не се најпосакувани. Се разбира освен стартот на преговорите, сé друго и Ковид и проблемот со Бугарија не е нешто коешто некој го планирал, нешто коешто посакуваме да го имаме. Сакаме тие работи што поскоро да останат зад нас.
Велам дека фокусот ќе биде на овие две теми, но и на справувањето со дезинформациите, коишто произлегуваат од овие две теми и со овој негативен феномен во општеството воопшто. Ние како влада планираме во 2021 сериозно и понатаму сериозно да се занимаваме со спречувањето на ширењето на лажни вести, односно пружање отпор кон феноменот дезинформации , во соработка со нашите стратешки сојузници, со НАТО, со другите влади на земјите членки на ЕУ и земјите членки на НАТО.
Најавивме веќе и планираме тоа да го спроведеме во 2021, веќе да се најдат начини медиумската писменост да стане пополека дел од образовниот курикулум. Тоа е дел и од новата образовна реформа која што се најавува и којашто е од интерес за јавноста. Ќе продолжиме да ја спроведуваме стратегијата за транспарентност. Еве користам прилика за ЦИВИЛ, ексклузивна информација, дека и за мерењето за 2019, коешто е објавено пред неколку дена, здружението оригинално – Action Southeast Europe ја бележи Северна Македонија, односно Владата, извршната власт на Северна Македонија на првото место по отвореност во споредба со земјите од регионот. Ние овој престиж го држиме уште од 2017, откако дојде до промена, политичка промена на власта. Северна Македонија од последна стигна на прво место по отвореноста. Се мери транспарентноста на владата, се мери достапноста, пристапноста. Имаме чест да бидеме први во регионот по транспарентност, отчетност и отвореност. И не е лесна задача да се задржува ова прво место и да се обезбедува таа активна транспарентност и понатаму. Во 2021 очекувам сериозно да биде третирана темата во јавност – темата прочистување на судството. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, кој што верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, оние го креираат и треба да го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021.
Друг важен проект, важна тема која што е од највисок интерес на населението, би рекол повеќедецениски интерес на населението, е пописот. Планираме во април, значи пролетта, да се спроведе пописот. Тоа е најважната статистичка, можеби и повеќе од статистичка операција за земјава. Немаме спроведено попис повеќе децении би рекол, повеќе од една деценија немаме спроведено попис, а податоците од тој попис се и тоа како важни за проекциите за развој на државата, пред сé, економски и социјални, се разбира многу помалку политички. Друга тема која што несомнено ќе се наметне, а е економска, тоа ние то го викаме новата македонска енергетика. Пред нас се сериозни процеси за гасифицирање на земјата. Во 2021 се очекува да почне изведбата на секундарната мрежа за десетина македонски градови.
Значи ќе почнат да се подготвуваат планови, ќе тргне реализацијата на поставување на цевките за гас кој што стигаат до домаќинствата во десетина македонски градови. Тоа навистина мсилам дека е за одбележување и треба да се нотира. Ќе се зголеми бројот на фотонапонски централи, на фотоволтаици кој што го користат сонцето како извор на енергија за производство на струја. Ќе се зголеми бројот на поставени ветерници во Северна Македонија и навистина мислам дека еден нов економски енергетски бран кој што е и во корист на животната средина во исто време. 2021 година ќе биде и година на промена по однос на политиките за користење или некористење на канабис во земјава.
Очекувам да се зголеми бројот на дијагнози или на болести чии симптоми се третираат или се лечат со медицински канабис. Сметам дека употерабата на медицински канабис, не само во светот, пополека добива сериозна поддршка од граѓаните и во земјава. Се разбира, помал е бројот на граѓани кој што поддржуваат декриминализација и депенализација, меѓутоа ако се има во предвид бенефитот што се добива од користењето на канабисот во медицински цели, мислам дека е сосема во ред во 2021 да очекуваме извесни чекори и кон декриминализација и депенализација во делот на мали количини за лична употреба. Се разбира полицијата и понатаму и во 2021 ќе продолжи со силен интензитет да расчистува криманални и коруптивни дејствија поврзани со трговија на дроги, што се веќе секојдневие. Тие акции на МВР се секојдневие и верувам дека и во 2021 ќе продолжат.
2021 година, да не заборавиме, ќе биде и година на локални иабори. За жал, граѓаните во одреден период ќе бидат сведоци или учесници на, повторно велам, на моменти на нечиста кампања помеѓу политичките или партиските субјекти. Мислам дека амбиентот се подобрува во однос на јавните комуникации поврзани со изборите. Меѓутоа, сепак во земјава имаме политички чинители којшто и понатаму спроведуваат валкана кампања, црна кампања, кампањи полни со говор на омраза. Велам дека ќе имаме локални избори, треба граѓаните да знаат дека во рамките на тој амбиент предизборен, кој што ќе се случува некаде на есен 2021, ќе има момени и на нечесна комуникација којашто некој од партиските центри ќе ја спроведуваат.
За крај, мислам дека 2021 година ќе биде и година на македонскиот јазик, бидејќи е стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески. Тој момент е препознаен, одбележан и од УНЕСКО. Ќе има серија активности и во земјава и пошироко од земјава поврзани со делото и ликот на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик и очекувам во Љубојно, конечно, стартото сега разрушено училиште кое што било второ по ред, после втора светска војна, во кое што почнало да се учи македонскиот јазик, конечно да стартува реконструкцијата за којашто владата обезбеди средства и тоа старо училиште да се претвори во центар за грижа и промоција на македонскиот јазик.
обработка на текст: Н. Цветковска
камера и монтажа: Ариан Мехмети