• Latest

Министерството за внатрешни работи најави посебен оперативен план за новогодишната вечер

December 31, 2020
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерството за внатрешни работи најави посебен оперативен план за новогодишната вечер

December 31, 2020 08:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Празнувајте одговорно – носете маска, не се групирајте, не славете, туку скромно одбележете, е пораката што последните денови, па и недели постојано ја упатуваат здравствените власти и државниот врв. Тие апелираат максимално да ги почитуваме заштитните мерки и со нашето однесување да ги поддржиме оние што се на првата борбена линија против корона вирусот – лекарите, медицинските работници, Армијата, полицијата и инспекциските служби.

Слична порака упатуваат и верските заедници. Порачуваат да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири.

Министерството за внатрешни работи најави посебен оперативен план за вечер, 31 декември, кога треба да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата, 2021 година, но и за утрешниот ден, први јануари. Државниот пазарен инспекторат, пак, предупреди дека контролите ќе бидат засилени, како досега, за да се спречи секое евентуално прекрушување и непочитување на протоколите.

-Ве повикувам, огромната поддршка и почит кон лекарите, кон медицинските работници, кон полицијата и Армијата, да ја изразиме со најодговорно однесување и со целосно почитување на мерките во периодот пред нас. Еве ги новогодишните и божиќните празници. Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските. Затоа, празнувај одговорно – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките – да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата, рече премиерот Зоран Заев во видео обраќањето до граѓаните на 27 декември.

Според него, годинава што изминува  ќе остане запамтена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет.

– Беше и сѐ уште е многу тешко. Но, сите сме ангажирани, секој од нас е загрижен и придонесува со помош и поддршка, бидејќи се работи за сопственото здравје, за здравјето на најблиските и за јавното здравје. Во оваа борба, во првите редови сте вие, лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците. Сите вие изминативе месеци сте на првата линија во борбата со опасниот вирус – го штитите нашето здравје, а тоа значи дека сопственото го ризикувате, заради сите нас. На првата линија сте и вие, припадниците на полицијата, на Армијата и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба. Сите вие на првата борбена линија сте нашите херои, нагласи Заев, искажувајќи јавна благодарност.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во повеќе наврати апелираше на совесно прославување за новогодишните и верските празници – без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Тој потсети дека ако некој директно го загрозува  здравјето на граѓаните, ќе мора да сноси одговорност.

-Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност, напиша викендов Спасовски на својот фејсбук профил, додавајќи дека исчезнаа објавите за групни прослави по викендици за Нова Година откако почнаа проверките преку Секторот за превенција при МВР.

Инспекторите и вечерва ќе бидат постојано на терен. Ќе работат со ист или со уште позасилен интензитет од претходните денови ако е потребно.

-Контролите и за новогодишната ноќ ќе продолжат исто како до сега. Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани. Верувам дека и новогодишните празници најголем дел од нив ќе ги поминат на терен. Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, рече директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски пред три дена.

Поглаварите на црквите и верските заедници во земјава по вчерашната средба уште еднаш порачаа, да се почитуваат мерките и да се празнува одговорно.

-Граѓаните да не го губат трпението зашто во пресрет на имунизацијата, одговорноста за контролата над вирусот е кај секој од нас. Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење заштитна маска, апелираа верските лидери.

Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, во паркови, на јавни површини или на некој друг отворен простор во текот на целиот ден.

Секој граѓанин, потенцираат од Владата, мора да носи заштитна опрема на лицето со која ќе бидат прекриени устата и носот при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип: на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ