• Latest

Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија, кои обезбедуваат навремени и квалитетни услуги на граѓаните

January 15, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија, кои обезбедуваат навремени и квалитетни услуги на граѓаните

January 15, 2021 16:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Центарот за граѓански комуникации“, „Конект“ и „Здружението на даночните советници“, учествуваше на дебата која се спроведува во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис секторот“ на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“, а на кој беше презентирана и публикација за резултатите од финансиското работење на 30-те најголеми јавни претпријатија во државна сопственост.

Битиќи, во своето излагање посочи дека причината и приоритетот поради кои се основани јавните претпријатија е обезбедување на услуги за граѓаните. Тоа треба да бидат квалитетни и навремени услуги, кои го олеснуваат и даваат квалитет на животот на граѓаните на нашата земја, a еден од показателите за тоа дали ја исполнуваат својата примарна цел се финансиските резултати.

„Земајќи ги предвид податоците кои произлегуваат од анализата, фактот што поголемиот број од претпријатија кои се во сопственост на државата во 2019 година имаат многу поголема ефикасност и ефективност во нивното работење во споредба со претходните години е доказ дека политиките на Владата и преземените мерки за подобрување на состојбата во овој сегмент на државното функционирање полека но сигурно ги даваат своите резултати“, потенцираше Битиќи.

Битиќи укажа дека поголем дел од претпријатијата работат солидно, односно имаат стабилни финансиски проекции и планови, остваруваат позитивен финансиски резултат и се самоодржливи и на среден и на долг рок.

„Она што како порака веќе го упатив до директорите на претпријатијата можам да го повторам и тука, а тоа е намерата на Владата да ги насочи и поддржи претпријатијата кон уште поефективно и поефикасно користење на ресурсите и создавање услуги кои ќе го унапредат нашето секојдневно живеење. Сепак, за оние претпријатија кои веќе одреден период или години наназад работат со проблеми или негативен финансиски резултат, сметам дека е нужно да се разгледаат опции кои ќе водат до промени“, додаде вицепремиерот.

Битиќи рече дека кај дел од јавните претпријатијата, како што е и во публикацијата наведено, и државата има констатирано дека се нужни промени во концептот на нивното функционирање.

„Нашите анализи покажаа дека преструктуирањето на некои од претпријатијата е неминовен процес кој што ќе се одвива во наредниот период, впрочем истите се во корелација со податоците од оваа анализа. Веќе знаете дека Владата има започнато процес на избор на компании за физибилити  студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници на Северна Македонија Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД Електрани на Северна Македонија. Според податоците од физибилити студијата ќе се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање на овие претпријатија, дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на истите. Ако направените студиите покажат дека некое од претпријатијата можат да бидат самоодржливи со сегашниот статус ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе им овозможат да го подобрат нивното работење или да работат со позитивен финансиски резултат“, нагласи Битиќи.

Битиќи ги повика и охрабри граѓанските организации  и целиот невладин сектор и понатаму да бараат високи стандарди за отчетност и транспарентност од јавниот сектор, вклучително и од јавните претпријатија.

„Заедничка цел кон која сите работиме е јавни претпријатија кои работат ефективно и ефикасно со цел граѓаните да ги добиваат услугите кои ги заслужуваат кои креираат повисок стандард во нашето секојдневно живеење“, заврши Битиќи со своето излагање.

За  време на дебатата истакнато е дека е многу важно да се обезбеди квалитетно управување со јавните претпријатија во државна сопственост или во сопственост на општините. Во моментот во државата функционираат вкупно 145 јавни претпријатија во државна сопственост или во сопственост на локалната самоуправа, со вкупен приход од околу 810 милиони евра, а во кои работат околу 29 илјади лица.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ