• Latest

Слободата да се биде анти-шовинист

January 18, 2021
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Слободата да се биде анти-шовинист

January 18, 2021 10:23
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕМИЛИЈА ПОПОСКА

Во Словенија минатата година беше објавена и прогласена „најшовинистичката“ изјава на годината, која гласеше: „Еманципацијата на жените, целосно им ја одзеде женственоста и тоа што тие би требале да бидат“ и која јавно во интервју ја кажа познат Словенец.

Во мојот тим работаат две жени и двајца мажи, сите високо образовани, во различна декада на животот. На мој шок и неверување, никој од нив изјавата не ја карактеризираше како шовинистичка. Напротив, во неа не видоа ништо лошо. Јас се потрудив да им ги објаснам шовиниситичките елементи во изјавата: прво некој друг си зема слобода да дефинира што е женственост и како една жена треба да се однесува и второ тезата дека еманципацијата што подразбира образование и целосна слобода на жената да го дефинира својот живот ја прави „неженствена“. Дали тоа значи дека жената е жена само доколку е целосно зависна од својот партнер? Дали тоа значи дека жената е жена само доколку нема свое мислење? Дали тоа значи дека жената не е жена доколку гласа, или кандидира за одредена функција? Листата на овие прашања може да продолжи до недоглед.

Но, едно уште пострашно прашање кое ме остави будна неколку ноќи, е следново: Доколку индивидуи, кои во својата природа не се шовинисти и дискриминатори, не можат да согледаат што не е во ред со изјава, колку други вакви изјави или уште полошо-случки се случуваат јавно пред нашите очи, а ние не ги забележуваме?  Како да се одбранам себе си, доколку не можам да сфатам што се случува и доколку ја немам правата информација?

Пред неколку недели на социјалните медиуми ги читав коментарите под веста дека во Тетово мажот ја силувал својата невенчана жена. Коментари напишани од мажи и жени, на различна возраст со различна вероисповест исмевајќи се и тврдејќи дека сопругот не може да ја силува својата жена, оти со самиот акт на брак се брише опцијата силување.  Пред неколку месеци, на ѕидот на срамот се најде девојка која поднапиена со некого отишла во хотелска соба во Охрид и на крај била силувана.

Во Србија изјавата на младата актерка Милена Радуловиќ дека познатиот Мирослав Мика Алексиќ сексуално ја злоставувал и воедно сексуално злоставувал низа други малолетнички од неговата актерска школа, ја отвори Пандорината кутија за скриеното сексуално злоставување или вознемирување на Факултетот за Драмски уметности, Факултетот за Политички науки, како и јавните болници во Белград. Жртвите на професорот Алексиќ опишуваат дека пред злоставувањето ги посетувале неговите часови со години, и често на него гледале како на поголем авторитет од нивните родители. Во едно интервју Алексиќ изјавил дека училиштето и родителите на децата им ја одземаат слободата и дека неговата цел е школата за глума да им биде извор на среќа и слобода. Можете ли да си претпоставите каков шок и страв доживува малолетна девојка која својот професор за глума го идеализира и максимално му верува, кога истиот еден ден ја повикува во неговата канцеларија и ненадејно ја прашува дали е девица и неочекувано почнува  несоодветно да ја допира? Можете ли да претпоставите колку долго време е потребно да сфати што и се случило и да ја прифати новата реалност? Доколку некој е неколку пати пријавен од различни индивидуи за ист криминален акт, дали можете да замислете уште колку пати го направил истиот акт, а за тоа да не бил пријавен? Колку исплашени малолетни девојки во срцето и мозокот ги кријат траумите од нападот на нивното тело? Колку од нив се борат за да го доведат својот живот во нормала?

Имињата на жртвите и хоророт низ кој поминуваат се различни, но коментарите на социјалните мрежи и од јавноста се исти. „Зошто толку чекала да каже? Сигурно измислува!“, „Молчела дури и било слатко“, „Сигурно сама го провоцирала“ , „ Убаво и направил“… Се прашувам, дали исто би коментирале доколку истата случка им се случи во најблиското опкружување? Константната стигматизација на жртвите придонесува истите да не го пријават злочинот, да почнат самите да се обвинуваат и драстично да им биде нарушено менталното здравје. Се прашувам, што треба да се направи за општеството да ја изгуби парадоксната потреба за сè да ги обвинува жртвите. Понекогаш е криво здолнишето, чевлите на потпетица, црвениот кармин, долгите нокти. Понекогаш па, крив е аргументот, изразеното мислење, кажаната критика, повишениот тон, побараната помош. Но, никогаш не е крив агресорот. Дали е нормално да се очекува некој да молчи и трпи терор над својата психа и над своето тело? Дали некој заслужува да биде силуван, затоа што бил поднапиен и се согласил со некого да отиде во соба?  Дали некој заслужува да биде понижуван?

Во оваа ера на погрешни идоли, конзумеризам и „старлетизам“  каков систем на поддршка во фазата на своето растење треба да има секоја девојка, за да развие доволно самодоверба и да не му дозволи на општеството да профитира и се храни дури и создава лични несигурности. Во светот во кој премиери на држави си земаат на право да прават шовинистички компарации со „ лесни студентки кои се нудат“, споредуваат новинарки со проститутки, или се исмеваат со женскиот циклус, како правилно да се насочи револтот и преку него да знае да препознае кога правата и се ускратени?

Заради тоа е клучно темата на родовата еднаквост и насилството да не бидат табу тема, и покрај тоа што одредени структури и индивидуи се чувствуваат прозвано или навредено. Тоа и е тема која треба да предизвика непријатност и револт кај сите нас, оти како општество се уште не сме таму каде што треба да бидеме. Да се вратам на приказната од почетокот, една од колешките ми прати порака доцна навечер, да ми каже дека цел ден ја читала изјавата и размислувала зошто  не го осознала шовинизмот кога прв пат ја прочитала. Нејзиниот одговор беше: „ Затоа што овие изјави се насекаде и со тоа им се дава нишка на нормалност и општо прифатеност“. Во тоа и е трагедијата.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ