„Пред да се решиме на чекорот на реконструкција на постојните простории, разговаравме со тогашната министерка за финансии, која ни кажа дека нема шанси да се купува тој простор. Потоа, дојде вицепремиерот за борба против корупција, дојде министерот за правда, разговарав и со министерот за финансии кога се кроеше буџетот и сите ми кажаа дека нема можности да се вложат дополнителни пари за да се купи тој простор за нашата комисија. Ја разгледваме состојбата каква е и баравме разумно решение, а тоа е тука да направиме реконструкција за да обезбедиме минимум услови за работа“, изјави директорката на ДКСК, Билјана Ивановска за 360 степени, во врска со објектот што го доби Министерството за политички систем, а во него ќе се сместат и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и Националниот Албански ансамбл.
Премиерот Зоран Заев вели дека просторот е благодарение на можноста на самата влада, министрите под раководство на првиот потпретседател на владата, од голем дел од заштедените средства уплати 620 милиони денари, односно 10 милиони евра, на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор за да ја откупи зградата која што го врати кредитот.
-Што значи дека државата вратила кредит со овие пари, а со тоа добила едно министерство и ваков простор, кое е во прогрес и треба да се развива во една мултиетничка средина како што е С Македонија. А, таква работа да направите за која било друга институција е невозможно, зашто е невозможна оправданоста на парите за да може да се пренесат на ПУИГ, а ПУИГ да го врати кредитот што го има кон банките каде должи“, вели Заев.