• Latest

СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ: Скок на листата на Репортери без граници, ама…

May 4, 2024

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ: Скок на листата на Репортери без граници, ама…

... остануваат нерешени заканите кон проевропските новинари, системски одговор за тоа нема. Техничката влада за кусо време преку случајот со Фуркан покажа што им мисли на новинарите!

May 4, 2024 16:14
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Џабир Дерала, почитуван истражувачки новинар од Северна Македонија и претставник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, е еден од оние новинари кон кого во годината зад нас беа упатени смртни закани и тоа од лица кои не го криеја својот идентитет. Цинично, на листата што ја објави Репортери без граници токму тој сегмент е оној каде што нашето новинарство стои безбедно, односно подобро во однос на другите индикатори. Но признанието за борбата за слобода за со години таргетираниот Дерала дојде од надвор – тој е прогласен за добитник на престижната Награда за солидарност за новинари од Југоистолна Европа за 2024 година, од страна на Südosteuropa-Gesellschaft, Германија. Ова признание ја слави храброста и посветеноста на новинарите во партнерските земји кои преземаат значителни лични ризици за да испорачаат критичко известување.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)
ДОБИТНИК Високото признание Награда за солидарност за новинари од Југоистолна Европа за 2024 година ја доби колегата Џабир Дерала

Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддршка на владеењето на правото и поттикнување на слободата на печатот низ регионот. Извонредната кариера и влијателните иницијативи на Дерала направија трајна разлика во сферите на човековите права, новинарството и борбата против дезинформациите.

Во овој контекст да ја додадеме изјавата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, а по повод Денот на слободата на новинарството.

ПЕНДАРОВСКИ Сјајна порака за македонските новинари од кандидатот за шеф на државата, кој на своја кожа ја почувствува опструкцијата на МРТВ

„Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста. Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање“, стои во пораката од претседателот Пендаровски.

Слободата на печатот ширум светот е загрозена од самите луѓе кои треба да бидат нејзини гаранти – политичките власти, се наведува во најновиот Светски Индекс за слободата на печатот, што го изработува меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) секоја година, пренесува ЦИВИЛ МЕДИА.

Овој наод се заснова на фактот дека од петте показатели користени за составување на рангирањето, политичкиот показател е најмногу паднат, забележувајќи глобален просечен пад од 7,6 поени.

Сѐ поголем број влади и политички власти не ја исполнуваат својата улога како гаранти на најдобрата можна средина за новинарството и за правото на јавноста на веродостојни, независни и разновидни вести и информации. Во извештајот на Репортери без граници се нотира загрижувачки пад на поддршката и почитувањето на медиумската автономија и зголемување на притисокот од државата или другите политички актери.

На меѓународно ниво, оваа година е забележлива по очигледниот недостаток на политичка волја од страна на меѓународната заедница за спроведување на принципите за заштита на новинарите, особено резолуцијата 2222 на Советот за безбедност на ОН. Војната во Газа беше обележана со рекорден број на загрозување на новинарите и медиумите од октомври 2023 година. Повеќе од 100 палестински известувачи се убиени од страна на израелските одбранбени сили, вклучително и најмалку 22 во текот на нивната работа.

Окупирана и под постојано израелско бомбардирање, Палестина е рангирана на 157 место од 180 испитани земји и територии во вкупниот светски индекс за слобода на печатот за 2024 година, но е рангирана меѓу последните 10 во однос на безбедноста на новинарите.

Значителен број влади ја засилија својата контрола врз социјалните медиуми и интернетот, ограничувајќи го пристапот, блокирајќи сметки и потиснувајќи ги пораките што пренесуваат вести и информации. Новинарите кои го кажуваат она што го мислат на социјалните мрежи во Виетнам (174) се речиси систематски затворени.

Во Кина (172), покрај тоа што притвора повеќе новинари од која било друга земја во светот, владата продолжува да врши строга контрола врз информативните канали, спроведувајќи политики за цензура и надзор за регулирање на онлајн содржините и ограничување на ширењето на информации кои се сметаат за чувствителни или спротивни на партиската линија.

Одредени политички групи подгреваат омраза и недоверба кон новинарите со тоа што ги навредуваат, ги дискредитираат и им се закануваат. Други организираат преземање на медиумскиот екосистем, без разлика дали преку државните медиуми под нивна контрола, или медиумите во приватна сопственост преку аквизиции од сојузнички бизнисмени. Италија на Џорџија Мелони (46) – каде член на владејачката парламентарна коалиција се обидува да ја стекне втората по големина новинска агенција (АГИ) – падна за пет места оваа година.

Политичките групи често служат како канали за ширење, па дури и поттикнувачи на кампањи со дезинформации. Во повеќе од три четвртини од земјите оценети во Индексот (138 земји), мнозинството од испитаниците на прашалникот изјавија дека политичките актери во нивните земји често биле вклучени во пропагандни или дезинформативни кампањи. Ова вклучување е опишано како „систематско“ во 31 земја.

Во Источна Европа и Централна Азија, медиумската цензура се засили во спектакуларната мимикрија на руските репресивни методи, особено во Белорусија (пад од 10 до 167 место), Грузија (103), Киргистан (120) и Азербејџан (пад од 13 на 164 место). Влијанието на Кремљ достигна дури до Србија (пад од седум места и сега се наоѓа на 98 место), каде што провладините медиуми носат руска пропаганда, а властите им се закануваат на руските новинари во егзил. Русија (162.), каде што Владимир Путин беше неизненадувачки реизбран во 2024 година, продолжува да води војна во Украина (61.) што имаше големо влијание врз медиумскиот екосистем и безбедноста на новинарите.

Вкупниот пад на политичкиот показател се одрази и на триото на врвот на Светскиот индекс за слобода на печатот. Норвешка, сè уште на првото место, забележа пад на својот политички резултат, а Ирска (осма), каде што политичарите ги подложија медиумите на судски заплашувања, ја отстапи својата водечка позиција во Европската унија на Данска (втора), а по неа следи Шведска (трета).

Во однос на лани, Македонија забележува пад во четири од пет индикатори. Најголем пад од 5.35 поени има во политичкиот показател, од 1.82 поени во показателот правна рамка, од 3.05 поени во социјалниот индикатор, а пораст има само во показателот за безбедност од 8.16 поени

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, забележуваат Репортери без граници (РСФ) за земјава во најновиот извештај за Индексот за слобода на медиумите.

Јасно, недостасува она што е нашата карактеристика – дека опозициски функционери се тие кои ги диктираат условите во кои работата новинарите и нивните редакции се протагонисти во загрозувањето на животот на новинарите а последен пример, доволно драстичен е и оној со нападот врз Фуркан Салиу!

БЕЗБЕДНОСТ Ја видоа ли од Репортери без граници оваа слика – напад на полицијата врз колегата Фуркан Салиу

Македонија забележува скок од две места во однос на лани, од 38 на 36 место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од целиот свет.

Во однос на лани, Македонија забележува пад во четири од пет индикатори. Најголем пад од 5.35 поени има во политичкиот показател, од 1.82 поени во показателот правна рамка, од 3.05 поени во социјалниот индикатор, а пораст има само во показателот за безбедност од 8.16 поени.

„Целокупното опкружување останува поволно за слободата на медиумите, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“, се вели во показателот политички контекст.

ВРВОТ И ДНОТО Ова се државите со највисоки слободи на новинарството… и оние последните

Во показателот правна рамка се посочува на новиот закон со кој повторно се овозможи рекламирање на власта во медиумите и се наведува:

„Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската Унија, на која има намера да ѝ се придружи. Процедурите на SLAPP тужбите служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудувањето за клевета на медиумот ИРЛ во 2023 година за неговото истражување од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното ширење на влијание поврзано со тоа“.

Во социјалниот показател се забележува дека социјалните медиуми и дигиталната сфера главно го фаворизираат ширењето на дезинформации и кибер закани.

„Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија“, стои во социјалниот индикатор.

Во сите шест земји од Западен Балкан, слободата на медиумите е влошена и вкупната оценка бележи пад од 4,14 поени од лани.


За изработка на овој текст користени се информации од ЦИВИЛ МЕДИА и повеќе други медиуми.
ДЕЗИНФО
МЕДИУМИ


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ