• Latest

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

January 22, 2021

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

January 22, 2021 12:59
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денес ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis) како еден од најважните предуслови на Северна Македонија за членство во Европската Унија, соопштува Секретаријатот за европски прашања.

„На свеченото потпишување во Владата на Република Северна Македонија присуствуваа претставниците на економските оператори на кои претставничките од СЕП, државната секретарка Калинка Габер и раководителката на секторот за подготовка на националната верзија на acquis (правото на ЕУ) Слаѓана Ангелова, им ги предадоа копиите од Рамковната спогодба“, стои во нивното соопштение.

Во воведното обраќање, велат од Секретаријатот, Димитров нагласил дека acquis, или правото на Европската Унија, е корпус на заеднички права и обврски што се обврзувачки за сите земји членки на ЕУ, а земјите кандидатки мора да го транспонираат во националното законодавство како темел на европската интеграција.

„Ако овој термин, acquis, во корените на своето значење од францускиот јазик, всушност претставува „знаење, стекнато право или наследство“, преку неговиот превод на македонски јазик ние создаваме наследство за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Наследство кое значи дека македонскиот јазик ќе стане рамноправен член во семејството на Европската Унија“, истакна Димитров.

Тој нагласи дека СЕП интензивно започнува со една од фазите на транспозиција на правото на ЕУ во националното законодавство, а тоа е преводот, кој во случајов ќе биде многугодишен и најобемно реализиран превод воопшто во историјата на специјализираниот превод кај нас. За таа цел, по пат на јавна набавка и транспарентно, врз основа на еднаков третман беа избрани 15 економски оператори за превод, кои ќе треба да испорачаат најквалитетни резултати во контекст на превод на правото на ЕУ.

„Со отпочнување на овој процес на преводот на правото на ЕУ, СЕП не само што ќе го раздвижи развојот на економските оператори за преведување и нивното усовршување, туку развојот и зрелоста на овој долгогодишен проект ќе бидат тесно испреплетени со нашата политика и заложба за развој на македонскиот јазик и терминологија. Затоа што, во коренот на нашиот јазик лежи и нашиот идентитет и тие две одлики мора соодветно да се негуваат и да се сочуваат со широк приод и мудри политики“, додаде Димитров.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ