• Latest

Заев: Не гледам причини за одложување на пописот

January 24, 2021

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Не гледам причини за одложување на пописот

January 24, 2021 16:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зораан Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот за Законот за попис, а во однос ставот на опозоцијата смета дека му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира потписи, бидејќи само еден пратеник може да поднесе нов или измена на друг закон.

-Апсолутно. Не гледам ниту промил за негово одложување, за негово неспроведување, насекаде па и кај нас, а кај нас уште повеќе бидејќи немаме попис во последите десет години. Мене ми е драго што претседателот на државата уште еднаш со експерти, со едно непристрасно око да се види, да не испадне власта тврди едно, опозицијата, мал дел, македонската опозиција, условно кажано тврди друго заради тоа албанската опозиција гласаше за законот. Тоа ќе биде уште еден коректив. И претседателот Пендаровски ќе соопшти, веројатно почетокот на наредната недела, веќе за неговиот став. Тоа е будното око на претседателот потпишувајќи укази за секој закон, а не па за вака многу значајни закони, рече Заев.

Премиерот, кој беше на поставување камен темелник на спортска сала на училиште во Стајковци, искажа убедување дека ги знае одговорите што ќе ги добие Пендаровски „во делот на неговото информирање од директорот и заменик директорот на Дражавниот завод за статистика“.

-Како што ме информираа мене како Претседател на Влада така го информираа и претседателот. Апсолутно, комплетно и стопроцентно е по Евростат, по меѓународните стандарди. Верувам дека на сите им е јасно колку е значајна оваа статитичка операција и колку ни е голема должност на сите нас граѓаните да се вградиме во нејзиното спроведување, рече Заев.

Пописот трае до 21 април, потсети тој, истовремено изразуваќи задоволство што во опозицијата, како што рече, не го гледа зборот за бојкот, туку тие зборуваат непризнавање на реултатите или слично.

-Да терате некого на бојкот е терање да го крши законот. Кој ќе им плати казна на граѓаните, рече Заев.

Премиерот рече дека опозицијата нема потреба ниту да собира потписи бидејќи само еден пратеник може да поднесе закон за поништување на Законот за попис.

-Само еден пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ е голема партија, има 44 пратеници, може да понесе нов закон или измени и дополнување на закон или што било затоа не се потребни никакви манипулации или фарси за собирање на потписи, и на крајот на денот уште еднаш кажувам треба да се растеретиме од оваа статистичка операција побрзо, која е потребна пред се за економски цели, стратегии, рамномерен развој, изјави Заев. 

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“ изјави дека очекува претседателот Пендаровски да го потпише указот за Законот за попис, зашто зашто секој час е значаен за на време да бидеме подготвени за спроведуање на оваа статистичка операција во април.

„Се надевам дека ќе помине целата процедура околу овој закон. Очекувам дека ќе биде потпишан указот, бидејќи не сметам дека правните експерти би наишле на недоследности во законското решение“, изјави Симовски.

Претседателот Стево Пендаровски е во консултации со правни експерти па потоа ќе го потпише законот за попис.

„Претседателот Пендаровски врши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Истиот ден по донесувањето, претседателот на Собранието, законот го доставил до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот.

Пендаровски согласно законот, во рок од седум дена од денот кога му е доставен законот, треба да го потпише указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.

Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ