• Latest

Потпишан Указот за прогласување на законот за попис, ќе се спроведе по цели 19 години

January 25, 2021

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потпишан Указот за прогласување на законот за попис, ќе се спроведе по цели 19 години

January 25, 2021 16:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по извршените консултации со правни експерти, известуваат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, велат од неговиот кабинет, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Од СДСМ велат дека пописот на населението што за прв пат по цели 19 години ќе се одржи на пролет, е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на идните државни, економски, здравствени, образовни, културни политики и стратегии, суштински за напредокот на државата.

„Законот за попис, усвоен во Собранието, гарантира одржување на оваа значајна статистичка операција според меѓународните стандарди, според стандардите на Евростат. Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи и повикувањето на граѓаните да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување. ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и ги поттикнува на непочитување на законите, иако знае дека за лицата кои не сакаат да се попишат следуваат казни. Опозицијата да не го партизира пописот и да не ги инволвира граѓаните за нивни партиски поени, бидејќи на сите им е јасно колку е значајна оваа статистичка операција и колку е голема должноста на сите граѓани да се вградат во нејзиното спроведување“, стои во соопштението на СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта истуркала на сила закон за попис кој е полн со нелогичности, со застарена методологија која не е по препораките на Еуростат.

„Изгласаа закон за попис кој ќе биде со врзан потпис, од страна на директорот кој е од СДСМ и заменик директорот на државниот завод за статистика кој е од ДУИ, и со тоа јасно се гледа дека ова ќе биде политичка, а не статистичка операција. Деновиве се погласно се зборува дека веќе меѓувладините коалициони партнери однапред ги договориле резулатите од оваа политичка операција. Токму затоа вакавата операција ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати. ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието се обиде да учествува во носењето на овој закон за попис, преку амандмани на овој закон, но власта како и многу пати до сега, тотално ја игнорираше опозицијата кога се работи за крупни прашања ки се во интерес на сите граѓани“, стои во соопштението на партијата.

Универзитетската професорка Јасна Бачовска Недиќ во Утрински Брифинг изјави дека е многу важно да се излезе од таа национална матрица на мислење и третирање на овој проблем.

„Многу е битно да излеземе од таа национална матрица на мислење и третирање на овој проблем (Попис). Македонија воопшто како држава по ослободувањето има солидна традиција на пописи. 1948, па потоа на секои десет години, па по осамостојувањето 1991, 1994, за подоцна да почнуваат да се надзираат тие меѓуетнички тензии, па тие несреќни 20%, вела несреќни, бидејќи јас како интелектуалец не сакам да размислувам за правата на луѓето низ проценти. Сега имаме една скандалозна ситуација, каде 18 години немаме одржано попис“, изјави во Утрински Брифинг, универзитетската професорка Јасна Бачовска – Недиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ