• Latest

Националниот регистар на вистински сопственици, алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам

January 27, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Националниот регистар на вистински сопственици, алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам

January 27, 2021 17:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски и директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, денеска го промовираа новиот Национален регистар за вистински сопственици.

Регистарот како што истакна Николовски претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави Николовски.

Заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф рече дека Европската унија утврди дека регистарот на вистински сопственци е од многу големо значење и поради тоа од јануари 2020 година го направи да биде задолжителен за сите земји-членки на ЕУ.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски посочи дека обврска на секое овластено лице на правен субјект во државата е да го утврди и да го верификува својот вистинскиот сопственик или сопственици, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, и истите електронски да ги евидентира во регистарот на вистински сопственици.

„Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти,“ изјави Бошковска Јанковски.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов, изјави дека е важно да се има сеопфатен, точен и ажурен Регистар на вистински сопственици кој е изработен согласно барањата на меѓународните стандарди.

„Важноста дека имаме точен регистар согласно меѓународните стандарди беше водилка за подготовката на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и еден поттик за воведување на законски мерки за вистинитоста на регистарот. За таквите мерки предвидени во законот ќе ни помогнат субјектите кои се правни дејства и кои применуваат мерки дејствија за спречување перење пари, како што се банките и сметководителите и останатите субјекти кои имаат воспоставено континуиран деловен однос со нивните клиенти правни лица“, изјави Трендафилов.

Постоечките субјекти имаат рок од 90 дена да ги внесат потребните податоци, а потоа секоја промена на структурата на вистинските сопственици се пријавува во рок од 8 дена.

Новооснованите субјекти ќе имаат рок од 8 дена од основањето да ги запишат вистинските сопственици. Уписите извршени во законските рокови се бесплатни.

Пријавата може да ја поднесе застапникот по закон на субјектот но, за тоа може да овласти и регистрационен агент односно кое било друго лице кое има електронски потпис. Рокот од 90 дена за пријавување на вистинскиот сопственик почнува да тече од денеска 27 јануари и сите правни субјекти кои се обврзани треба да поднесат пријава во Регистарот, со цел да ја исполнат оваа законска обврска./МЕТА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ