• Latest

ЦИВИЛ и денес ќе обучува граѓански новинари

April 13, 2016
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ и денес ќе обучува граѓански новинари

April 13, 2016 11:52
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во „Слободната зона“ на ЦИВИЛ – Центар за слобода во Скопје, денеска во 13 часот, ќе се одржи обука за граѓански новинари, на која, заинтересираните кандидат(к)и ќе имаат можност да се запознаат со новинарските техники за граѓанско известување.

Обуката се одржува со цел граѓан(к)ите да известуваат за кршење на човековите права и слободи, пред се во изборен контекст, како изборни манипулации, злоупотреба на службена должност и ресурси, партизација на државниот апарат… Освен денешната еднодневна обука во Скопје, ЦИВИЛ во наредниот период ќе одржи обуки за граѓански новинари и во другите градови низ државата.

12837764_10208848943761056_344857954_o

Сите граѓан(к)и имаат можност да учествуваат на конкурсот „Биди граѓански новинар“,  на кој ЦИВИЛ секој месец доделува награди за најдобрите видео и фото материјали, или вести. Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност на 110 долари. Досега се доделени 10 награди.

Конкурсот е дел од проектот „Граѓански објектив„ во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право во интерактивна и динамична активност која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање на фотографски, видео, аудио и пишан материјал кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот има цел да ги мобилизира граѓан(к)ите да формулираат јавни барања за слободни избори, засновани на доказите и истражувањата на граѓанските новинар(к)и и активист(к)и, преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани. Проектот ќе понуди нови пристапи кон истражувањето на политиките и практиките поврзани со изборите во земјата. Новина претставуваат динамиката, новите стандарди на истражување, анализа и јавно обелоденување на случаите на дискриминација врз основа на политичката афилијација, злоупотребата на јавните ресурси и администрација, политичката пропаганда и говорот на омраза во изборен контекст.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

 

Tags: граѓански новинарконкурснаградиобука
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ