На социјалната мрежа Фејсбук, профилот „Приказни од булеварот“ објави лажна вест за наводен тендер од 1,5 милиони евра за купување на мерцедеси за потребите на возниот парк на владата. Ова лажна содржина има над педесетина коментари и 15 споделувања.
Од Владата истакнаа дека се работи за лажна вест и фотомонтажа.
„Ова е #ЛажнаВест. Владата никогаш не објавила ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“, објави потрпаролот на владата на Твитер.
Oваа лажна вест ја сподели и Миленко Неделковски, кој не пропушти можност да напише „Пак да си ги гласате“.
Дека се работи за лажна вест и фотомонтажа проверивме на google и потврдивме дека нема никаква вест со наслов: „Пет џипови Мерцедес Г-класа вредни 1,5 милиони евра за потребите на владата“.


Д.М.












































