• Latest
Војо Маневски

Двобој на наш начин

February 5, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Двобој на наш начин

February 5, 2021 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Низ  целата историја на човештвото поединци, па и цели народи си ги одмерувале силите на разни полиња од живеењето. Според жестината на судирите и средствата кои се користени, таквите појави се крстени најчесто со името – војна или двобој. Поединци се судрувале да си ги одмерат можностите или да одбранат некоја замислена вредност, што ним им значела повеќе од животот. Во одбрана на честа и доброто име излегувале на двобој. Најчесто се судрувале претставниците на високите општествени слоеви, не заради тоа што само тие имаат такви особини, туку затоа што другите морале да работат и да им овозможат на елитите да се занимаваат со такви возвишени чувства. Не приличи двобој со вили и лопати сѐ разбира.

Така било во минатите времиња сѐ додека на владетелите не им досадил дефицитот на придружници, па ги забраниле двобоите. И таман кога такви сцени и дилеми мислевме дека се само на филмовите, во соседна Србија двајца политичари сѐ на работ од двобој. Двобој не само по ТВ емисиите, туку на телевизија се предизвикуваат на вистински двобој со избор на огнено оружје. Едниот беше претседател на Покраинското собрание на Војводина и важи за либерален политичар, кој поради тоа често ја бранува јавноста во Србија, а другиот веќе 30 години е српски националист кој со таквата титула се гордее, а беше и потпретседател на Владата во деведесеттите. Доктор на правни науки е, но во својата кариера има и десет години престој во Хаг како притвореник во меѓународниот трибунал. Додуша и во поранешната ни држава одлежа неколку години во затвор. Нема да влегувам во нивно оценување затоа што тоа е проблем  на соседите. Овде се извинувам на источниот сосед заради преземање на тема од соседот од север, но едноставно немам толку увид во нивниот политички живот. Ќе работам на дополнување на сопствените спознанија и на таа тема по новата можност за следење на нивните те ве канали.

Зошто ми е интересна темата од соседите? Не дека се плашам од старата народна околу мечката и комшиите, ама за секој случај да ги разгледаме можностите.

Вака според мене стојат работите.

Место секојдневни прес-конференции на кои лидерите се обвинуваат за неспособност или се честат со атрибути, како што се криминалец, корисник на корупција, предавник и слични милозвучни пофалби да одредат датум за двобој.

Да, да вистински двобој на одредено место и со што е можно поголема јавност. За секој случај да не се договорат на некое пониско ниво во партиската  номеклатура, па сѐ да изгледа познато.

Прво ќе треба да се одреди местото. Овде полесно ќе се дојде до компромис зошто имаат традиција на заеднички средби по клубови по резиденции и коктели на отворено кај пријателските амбасадори. Меѓународната заедница ќе може да учествува само во испорачувањето на средствата за двобој и ништо повеќе. Стандардите на оружјето дома ќе ги пропишеме зашто, според искуството, можна е нерамноправност во квалитетот на оружјето. Мора ова да биде домашна разврска на спротивставеноста.

Втора постапка е утврдување на правилата и кои ќе се потпишат. И овде имаат искуство и двете страни со разни запржени договори со детални правила од кои подоцна нѐ боли сите глава, ама тој дел од двобојот е незаобиколен.

Ќе имаме мали проблеми поради разликата во висина меѓу учесниците на двобојот, што може да доведе до нерамноправност, а и физичката подготвеност ја стекнале на разни простори, висини. Не е исто во полето меѓу френките и по планините и теретаните. Ама има математичка формула и за оваа разлика. Сѐ да биде математички точно за здравствените состојби ќе се погрижи мешана комисија од лекари, кои ќе ја предложат на паритетна основа спротивставените страни. Времето за избор на комисијата ќе биде ограничено зошто ако си даваат контра предлози ќе нѐ зафати и друга пандемија, а од оваа не сме излегле.

Е, кога и тоа компромисно ќе се договори мора да се помине на избор на оружје. Судејќи според жестината на меѓусебните квалификативи што си ги даваат, ќе треба да се одбере ракетно оружје со среден калибар. Среќа е што ракетите никој нема да ни ги продаде, а самите не знаеме да направиме. Тој предлог го елиминирам.

Со оглед  на надворешниот изглед и негуваноста на нивниот изглед, ладно оружје не доаѓа во предвид. Додека да се разгори борбата убавите светкави фризури ќе се растурат, а тоа не е добро за ПР експертите да можат да креираат добра претстава. Башка и ако одберат кратки ножеви ќе треба да се приближат блиску, а тоа досега успешно го избегнуваат на сите полиња, па нема потреба во вакви случаи да се гледаат во очи. Сабји, мечови и флорети не доаѓаат во предвид, ќе треба да ни ги позајмува аристократска Европа, а таа во последно време не е дарежлива ни со игли и вакцини, а не пак ние да бараме аристократско оружје.

Значи останува огненото оружје и тоа од помал калибар. Се разбира пиштол или револвер. Предлагам шпанска Астра со мал калибар. Калибрите со предзнак магнум се премногу гласни  и бараат долготраен тренинг. Иако со нивната набавка сме немале проблеми во минатото, сепак не се погодни за вакви прилики. Со овој предлог ќе се избегне и друга расправа, бидејќи претпоставувам дека едниот ќе предложи Наган револвер, а другиот Застава 7,65. Неутрално оружје е фер понуда.

Следниот чекор мора да е изборот на секунданти. Судејќи според сервилноста кон лидерите што е начин на однесување на пониските структури во партиите ќе имаме проблем. Кој потпретседател да биде секундант? Во кој сѐ има најголема доверба? Тоа секако не е лесно зошто според демократските статути, може да се случи токму секундантот да треба на одредено време да го замени лидерот. Не дај Боже да се случи лош резултат од двобојот, тој како секундант ќе има предност. И што може да се направи во вакви состојби?

Сеопшти партиски избори се една опција, а другата е избор низ органите на партијата. Во вонредни случаи тешко е да се одреди легитимитетот на органите, па ќе мора да се изјасни членството. А кое членство? Она што по убедување е член на партија или формалните членови што чекаат шанса за вработување или позиција во државниот апарат. Не е лесна ваквата дилема и  признавам дека немам доволно имагинација за да предложам решение.

Да речеме дека и тоа ќе се реши некако со помош од пријателите од разните формални и неформални центри на моќ.

Останува она што е најважно. Кој ќе биде судија и ќе го прогласи победникот. Реков дека треба да биде само внатрешен расплет на судирите. Овде ќе имаме проблем и тоа голем. Ако се дуелисти, лидерите на двете најголеми партии во државата, судии би можеле да бидат од партиите на помалку бројниот народ. Би можеле, ама тешко е изводливо. Како да избереш кој е твој, а кој е туѓ? Со едниот си имаат искуство и двете страни и не сакаат да се судруваат со него, на било кој начин. Со другите не е добро да се замерат, зошто ќе им требаат утре за други проекти и тендери. Ќе мора да се водат долги дискусии и седници до касно во ноќ. А да чекаш кај прозорец навистина не доликува на дуелисти кои излегле на двобој да ја бранат честа и светлиот образ.

Врти, сучи останува единственото решение – Странски судии.

Овде веќе имаме критериум. Или да се од Скандинавските земји или од далечната Америка. Е, овие од Скандинавија се рационални и студени, а и не се наклонети на некоја од страните. Башка што и нема да паднат во несвест ако се случи некој да биде ранет. Замислете дипломатски скандал судијата да е од соседната земја и ранетиот дуелист да го праша во тешкиот час – на кој јазик да ја изречам пресудата? За судии од Америка нема ни да дебатираме. Во нив веруваме и готово, нека сечат како мислат. Тие со своите туристи во Конгресот излегоа на крај, па што останало со нашите ептен локални двобои. Што ќе кажат тоа ќе биде праведно, да не му ја мислиме.

Кога ќе стокмиме сѐ за двобојот на лидерите на нашите најголеми политички партии и се свртиме кон календарот ќе се изненадиме. Некои други вредности покажуваат броевите, некои други години дошле. А изгледа и лидерите се смениле. Поведението нивно не е многу сменето, но други ликови седат на партиските тронови. Значи ништо од двобојот. Нема кој да си ја брани честа а за нашата граѓанската, никој не се секира.

Секоја случајност со актуелните состојби во нашава држава се намерни и се  место анализа на последните рангирања на татковината ни, на листите каде се оценува степенот на корупција и хибридна државност. Изгледа за нас хибридност е природна состојба. Е уште да се попишеме и сѐ потаман ќе е.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ