• Latest

Вистиномер: Не е вистина дека Македонците во странство ќе останат непопишани поради неважечки пасош

February 9, 2021

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Не е вистина дека Македонците во странство ќе останат непопишани поради неважечки пасош

February 9, 2021 10:12
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за попис не бара поседување на важечки пасош како услов за попишување на претстојниот попис закажан во април оваа година. Исто така, од Кабинетот на портпаролот на Владата потврдуваат дека за попишување нема да биде потребен пасош, туку само единствен матичен број на граѓанинот, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост.

Рецензирана е вест споделена преку пост на Фејсбук, во која се тврди дека десетици илјади Македонци кои живеат во странство ќе останат незапишани на претстојниот попис затоа што им доцни издавањето на македонските патни документи во странските земји во кои се наоѓаат. Во текстот пишува дека поради немањето важечки пасош, тие нема да можат да бидат попишани како нерезиденти. Наводите од текстот, исто така, инсинуираат дека регистрирањето на Македонците на интернет страницата на Заводот за статистика ќе биде невозможно без важечки пасош.

Ова се комплетно невистинити тврдења.

„Вистиномер“ се обрати до Владата на Република Северна Македонија со прашањето дали е вистина дека граѓаните кои се во странство, а кои немаат важечки пасош, нема да можат да се попишат.

„За попишување на македонските државјани кои се во странство единствено е потребен единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Дезинформација е дека поради немање пасоши ќе останат непопишани“, велат од Кабинетот на портпаролот на владата за „Вистиномер“.

Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, утврдува дека со пописот ќе бидат опфатени државјаните на Република Северна Македонија, кои имаат живеалиште или престојувалиште во Македонија, без оглед на тоа дали во моментот на пописот се наоѓаат во земјата или се во странство. Што значи дека и тие кои се надвор од земјава ќе бидат опфатени со пописот.

Во споменатиот Закон, зборот пасош или патна исправа не се споменува ниту еднаш. Единствено што се споменува како важен и неопходен услов за пописот е единствениот матичен број (ЕМБГ), кој граѓанинот мора да го има за да учествува во пописот и тоа може да се види од членот 8 во Законот.

Во членот 8 наведено е дека за државјаните на Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, податоците од членот 10 од овој Закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот. Единствениот матичен број, пак, се доделува еднаш и граѓанинот го има независно од тоа дали има или нема пасош. Така што, пасош нема да се бара.

Понатаму, во Законот е наведено е дека за лицата-државјани на Република Северна Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, ќе се овозможи и самопопишување во периодот од 1 март до 21 април 2021 година на посебна апликација која ќе биде достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика. На оваа апликација лицето треба претходно да се регистрира, а пополнетите обрасци по електронски пат преку апликацијата да ги достави до Државниот завод за статистика. Оваа апликација во моментот не е достапна, но ќе биде објавена за пописот.

Директорот на заводот, Апостол Симовски, за „Дојче Веле“ вели дека освен матичниот број се даваат и други податоци за регистрацијата, но, не споменува пасош.

Не се дава само матичен број. Таму има околу 50-60 прашања за лицата. Нормално, зависи од тоа дали лицето е вработено, дали е ученик, студент, возрасно лице, пензионер… Значи, не може да дадете само име, презиме, матичен број, адреса и етничка припадност. Мора да има полн прашалник, не може да се прифати половичен прашалник, изјави Симовски.

Имајќи го предвид фактот што Законот не бара поседување на важечки пасош како услов за попишување на претстојниот попис закажан во април оваа година, како и поради потврдата која што ја добивме од Кабинетот на портпаролот на Владата дека за попишување нема да биде потребен пасош, веста ја оценуваме како невистинита.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ