• Latest

Шахпаска: Легализирани 55 ромски куќи и обновени девет во Виница, како дел од ИПА 2 програмата на ЕУ

February 11, 2021

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Вртење во круг: Трамп постави нов рок за мир во Украина, Сенаторот Греам бара Русија да се прогласи држава спонзор на тероризам ако не ги врати киднапираните украински деца

August 22, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
NBC News

Апелациониот суд во Њујорк ја поништи казната против Трамп за граѓанска измама од околу 500 милиони долари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Легализирани 55 ромски куќи и обновени девет во Виница, како дел од ИПА 2 програмата на ЕУ

February 11, 2021 15:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со раководителот на  секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини и градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров, денеска беа во посета на ромската населба во Виница, со цел увид во тековните активности на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017.

„Министерството за труд и социјална политика посветено работи на креирање на политики и активности кои што треба да ги решат проблемите на најранливите категории на граѓани. Заедно со Владата на РСМ, Европската комисија претставена преку делегацијата на Европската унија во нашата држава, работиме на проекти за подобрување и обезбедување на пристојни услови на домување на ромската заедница“, истакна министерката Шахпаска.

Таа истакна дека целта на овој проект е легализирање на домовите на 245 ромски домаќинства, од кои завршена е легализацијата на 55 ромски куќи, 122 куќи се во процес на легализација и 68 барања за легализација на ромски куќи зависат од усвојувањето на нов закон.

„Како втора компонента од овој проект е реконструкција и подобрување на условите за живот на 22 куќи од оваа населба, од кои 9 се завршени и комплетно финансирани со средства од овој проект. Дополнително, 622 жители, роми кои што живеат во оваа населба, ќе влезат во деталниот урбанистички план на градот со подобрени инфраструктурни услови“, изјави министерката Шахпаска.

На денешната посета на Општина Виница како дел од проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“ во општината им беа врачени документите за легализација на имот на неколку жители од оваа населба од страна на миниситерката Шахпаска, Г-н Бертолини и градоначалникот Ивица Димитров.

Од страна на градоначалникот Димитров беше истакнато дека покрај реновирањето на нивните куќи, легализација на имотите ,сериозно се работи и на целосната инфраструктура на населбата, како веќе завршената реконструкција на пат, соларно осветлување на улиците и контејнери за складирање на отпад.

Идејата  и барањето  за имплементација на ваков  проект во нашата држава е на Министерството за труд и социјална политика, овозможен преку ИПА 2 програмата на Европската комисија, а како имплементатори се јавуваат Општина  Виница заедно со НВО Челим од Италија во соработка со Ромскиот  ресурсен центар од Општина Виница.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ