• Latest

Медицинскиот тим на АРМ ќе замине во Авганистан со примени ковид-19 вакцини

February 19, 2021

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медицинскиот тим на АРМ ќе замине во Авганистан со примени ковид-19 вакцини

February 19, 2021 09:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шестчлениот македонски воено хируршки тим, кој во Норвешка се подготвува за мисија во Авганистан, во Кабул ќе замине вакциниран против ковид-19. Тимот, составен од тројца доктори и три медицински сестри, на 17 февруари ја доби првата доза од вакцината на Астра Зенека, како и нивните норвешки колеги со кои заедно ќе учествуваат во мисијата, а втората ќе ја добие пред да замине за Авганистан, информираа од Генералштабот. Во ноември лани, тринаесет македонски војници во Авганистан беа инфицирани со ковид.

Воениот хируршки тим на АРМ од средината на јануари е на подготовки и тренинг во Норвешка, а од средината на март до септември македонскиот и норвешкиот медицински персонал ќе ја опслужуваат норвешката воена болница во Кабул во рамки на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“.

Петмина од шестчлениот тим се од јавното здравство, а една припадничка е медицинска сестра во Баталјонот за медицинска поддршка на АРМ. Во Норвешка, македонскиот тим минува основна и тимска воена обука, работа во групи и специјална обука за воена хирургија. Трите лекари од тимот се специјалисти по трауматологија, по општа хирургија и по анестезиологија.

Воен хируршки тим е еден од капацитетите што АРМ треба да ги развие и до 2028 година да ги стави на располагање за мисии на НАТО.

Македонските лекари веќе имаат искуство во работа во воени услови со нивните норвешки колеги. Медицински тимови од двете земји работеа заедно во Авганистан во седум ротации во рамки на силите ИСАФ од 2008 до 2012 година, а веднаш потоа Кралството Норвешка на АРМ ѝ подари теренска воена болница, вредна два милиони евра, која на почетокот на пандемијата беше поставена во Клиничкиот центар во Скопје. Во ноември лани, Норвешка на Министерството за одбрана му подари и повеќе од 13.000 брзи тестови за ковид.

Медицинскиот персонал од јавното здравство учествува во воени мисии врз основа на меморандум меѓу ресорните министерства, според кој Министерството за здравство го обезбедува составот на тимот, а Министерството за одбрана парите. Трошоците за обука и логистичка поддршка во мисијата ги покрива Кралството Норвешка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ