• Latest

Нема услови за слободни избори, ЦИВИЛ продолжува со набљудување

April 15, 2016

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нема услови за слободни избори, ЦИВИЛ продолжува со набљудување

April 15, 2016 13:15
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одлуката да се распишат предвремени парламентарни избори, ЦИВИЛ – Центар за слобода соопштува дека ни оддалеку не се создадени услови за одржување слободни, кредибилни и фер избори на 5 јуни 2016 година.

Овој став, ЦИВИЛ го темели врз основа на извештаите од долгорочното набљудување на состојбите на теренот.

Политичката состојба во земјата секојдневно се влошува, а тензиите и насилството кое ескалираа во последните неколку дена, дополнително создаваат непремостливи пречки за одржување на избори во мирна и безбедна атмосфера. Договорот за надминување на политичка криза не е целосно спроведен, а и тие делови од Договорот кои се спроведоа, трпат постојани опструкции од власта.

Работата на Специјалното јавно обвинителство кое треба да им даде правна разрешница на индициите за масовни злоупотреби, криминал и изборна кражба извршени од највисоки функционери на власта – постојано се опструира. Со последните потези на Уставниот суд и на Претседателот на државата, работата на оваа институција се доведува во прашање.

Избирачкиот список не е прочистен, медиумите се сè уште под речиси целосна контрола на власта, секојдневно гледаме очигледни примери дека партијата и државата не се одвоени и дека масовно се злоупотребуваат државните ресурси и јавните пари за скапа, агресивна и валкана партиска кампања. Структурното насилство и кршењето на човековите права и слободи се континуирани.

Институциите во континуитет се злоупотребуваат во партиски цели. Вработените во администрацијата се под постојан притисок и закана по работното место доколку не работат стриктно по налог на партиите на власт. Социјално загрозените категории на граѓани се уценувани, работниците, земјоделците, студентите, пензионерите – се манипулираат и се доведуваат во недостоинствена позиција со цел да се принудат на послушност кон партиите на власт.

 

ЦИВИЛ ќе продолжи со набљудување на изборниот процес, без оглед на тоа како тој ќе се одвива понатаму и без оглед на најавениот бојкот од партиите на опозицијата.

Тим од триста луѓе низ целата земја секојдневно ќе ги набљудуваат состојбите и ќе редовно ќе ја известуваат граѓанките и граѓаните за сите случаи на злоупотреби во изборен контекст. Сметаме дека на тој начин ќе придонесеме кон јакнење на јавната свест и мобилизација на граѓанките и граѓани да земат активно учество во процесите за надминување на сериозната криза со која се соочува нашата земја.

Бројката од 300 луѓе симболично се совпаѓа со бројот на Спартанците кои ја одбранија демократијата на стариот свет. Со својот тим, како и секогаш, ЦИВИЛ ќе се стави во одбрана на човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани на Република Македонија и ќе придонесе кон враќање на демократијата и владеењето на правото во земјата, за што пресуден услов е организирање на слободни избори.

Tags: политичка кризаЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ