• Latest

Соопштени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата

February 24, 2021

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Соопштени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата

February 24, 2021 16:34
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во еден ваков сложен и крајно проблематичен контекст, и комисиите и јас како министерка, зазедовме став за една суштинска позиција: да се обезбеди одговорна, транспарентна и праведна дистрибуција на парите на даночните обврзници за културата“, истакна министерката за култура, Ирена Стефоска на денешната прес-конференција на која информираше за резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области.

Стефоска посочи дека конечно, доделени се толку средства со колку што располага Министерството, односно за првпат не се преземаат обврски, повисоки од буџетските средства.

„За распределба на 11 милиони евра, пари на даночните обврзници, пристигнаа рекорден број, 6352 апликации. Во оваа прилика, изразувам голема благодарност на стручните комисии, за нивната непопустливост пред огромните притисоци на кои беа изложени. Благодарност за професионалниот пристап, за истрајноста и посветеноста да направат правична и фер селекција од огромниот број пријави. Им благодарам и на вработените во Министерството за култура кои успеаја да обработат 6352 апликации. Од овој момент, одговорноста за годишната програма веќе е моја“, рече министерката за култура Стефоска на денешната прес-конференција.

Таа ја изрази и својата убеденост дека во резултатите од програмата, културната јавност ќе го препознае напорот – за напуштање на принципот „по малку за сите“ затоа што таквиот „принцип“, како што нагласи, ја обесмислува културата и ја убива креативноста. Ги посочи и критериумите врз основа на кои работеа стручните комисии и кажа дека акцентот е ставен врз: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот, а за прв пат после повеќе децении одобрени се солидни средства за заштитата на нашето културно наследство.

„Не сакам и не можам да го сокријам задоволството од бројните проекти во програмата, со интеркултурен карактер. Тие се нашата боја. Ме радува и фактот дека се одобрени голем број проекти како поткрепа на заложбата за деметрополизација на културата. Не може и не смее да се очекува овој конкурс да ги реши сите, децениски, наталожени проблеми“, рече Стефоска и уште еднаш апелираше до Собранието што побрзо да го донесе новиот закон за јавен интерес во културата кој со нетрпение го очекуваат 3500 културни работници.

На крајот од прес-конференцијата, министерката за култура Стефоска напомена дека роковите за корисниците оваа година ќе бидат пролонгирани за да имаат време да си ги реализираат проектите.

Резулатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области се поставени на веб-страницата на Министерството за култура.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ