• Latest

Почна изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ (ВО ЖИВО)

February 26, 2021

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Почна изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ (ВО ЖИВО)

February 26, 2021 10:32
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје почна изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во судница се присутни поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата, кои според обвинителниот акт, се обвинети за незаконско прислушување преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година.

Мијалков во судот беше спроведен од домашен притвор што му беше одреден како мерка на претпазливост, а од затвор каде издржува казна за случајот „Тенк“ беше донесена Гордана Јанкулоска.

Во овој предмет обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, и им се суди во отсуство.

Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Обвинителството во завршните зборови посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Обвинетите Сашо Мијалков и Горан Грујевски, во завршните зборови на Обвинителството беа споменати како главни осомничени, односно обвинителката Ленче Ристоска двајцата, заедно со поранешната началничка од МВР, Надица Николиќ, ги посочи како создавачи на групата за прислушување и поради тоа побара максимални затворски казни за нив.

– Иако се работи за кривични дела за кои е запретена максимална затворска казна до 5 години, сепак имајќи ги предвид последиците на кривично дело и импактот кои овие последици го имаат како на животите на лицата чии комуникации биле незаконски следени така и импактот на целокупните општествени процеси, сметаме дека нема пречка за обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ како создавачи на групата да бидат изречени максимални казни затвор за секоја од кривичните дела кои им се ставаат на товар, образложи обвинителката Ристоска.

Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, бранителот Миле Петровски, пак, во завршните зборови истакна дека теоријата на Обвинителството во случајот „Таргет-Тврдина”, против неговиот клиент, е само теорија заснована на недокажани претпоставки.

Сличен став имаше и обвинетиот Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на директорот на УБК, Сашо Мијалков), кој посочи дека обвинението е неосновано, конфузно и не е поврзано. Тој смета дека обвинението не е поткрепено со вистински докази, кои би го потврдиле кривичното дело кое му се става на товар и не може да истрпи елементарна правна критика, а не пак осудителна.

Обвинението е неприфатливо и за обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која во своите завршни зборови пред Судот рече дека совеста ѝ е чиста, како и дека не го сторила делото за кое ја гонат. Таа посочи дека Судот може да ја задоволи правдата само ако донесе ослободителна пресуда за неа. Како што појасни Јанкулоска, теоријата дека помогнала во уништување на опремата за прислушување не е поткрепена со ниеден доказ и, според неа, значајно е да се направи разграничување што се случувало пред да биде изготвено и доставено на потпис решението за формирање на Комисија за ништење на системите за прислушување.

Заврши зборови дадоа и другите обвинети. Сите побараа ослободителна пресуда.

Од клучните факти и докази презентирани на главната расправа, обвинителката Ристовска рече, дека Обвинителството неспорно докажало дека обвинетиот Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Тони Јакимовски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетата Гордана Јанкулоска сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетиот Никола Бошковски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Сашо Мијалков сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“; обвинетата Надица Николиќ сторила кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”, како и дека обвинетата Валентина Симоновска, сторила кривичнo делo „фалсификување службена исправа“.

Одбраната завршните зборови за случајот ги даде на 19 февруари, а Мијалков исчезна во неделата попладне на 21 февруари. Полицијата три дена трагаше по него, беше распишана национална, потоа и меѓународна потерница, беа извршени претреси во објекти и повикани на информативни разговори членови на неговото семејство. Мијалков во вторникот попладне на 23 февруари се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за да го подигне решението за домашен притвор што му го одреди Кривичниот суд. Тврдеше дека не избегал, туку се повлекол во изолација поради здравствени причини, имал висока температура и симптоми на корона.

Случајот со исчезнувањето на Мијалков отвори и прашања дали, кој и како му помогнал да побегне, и дали потфрлила некоја од надлежните институции. Највисоките државни претставници побараа да се утврди одговорноста за овој случај кој, како што оценија, може да ги компромитира напорите за справување со криминалот и корупцијата. Опозицијата, пак, обвини за договор меѓу власта и Мијалков и побара оставка од Владата, а за случајот се заинтересираа и САД и ЕУ.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ