• Latest

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Фудбалски младински натпревар заврши со физичка пресметка 

Осум дена притвор во кумановскиот затвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Оваа пресуда доаѓа по вчерашниот тежок инцидент во Штип на натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на Брегалница и Шкупи од Чаир, во кој беа повредени две малолетни лица.

Повредените лица се фудбалери на Брегалница, а како што соопштуваат од МВР, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички ги нападнал и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода, а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ФК Шкупи, ФК Брегалница и ФФМ го осудија инцидентот – кој претставува неприфатливо и грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери, инцидент кој не смее веќе да се повтори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Од никого немаше таква најава. На избори ќе одат со потписи. Ќе гледаме, во меѓувреме ако оваа недела има разговори. Но, немаше најава од ниту еден од координаторите дека ќе има нов обид. Имаше обид заеднички да донесеме, имаше најава во координација со сите политички партии. Прекршната точка дали да ја свикаме седницата или не беше тоа што ако не ја свикавме седницата тоа ќе значеше дека Собранието не пробало да го донесе тоа и требаше да се знае кој го блокира тоа. Сакавме да ги искористиме сите можности и последната шанса да се донесе тоа. Се почитуваат сите правила на игри. Тој Изборен законик што го имаме, со тој ќе одиме на избори“, изјави собранискиот спикер Африм Гаши.

РЕГИОН

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина. Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик.

СВЕТ

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари кои работат за меѓународните медиуми, се пријавени како убиени во израелски напад врз болница во јужниот дел на Појасот Газа. Ројтерс соопшти дека еден од нивните сниматели бил убиен во нападот во болницата Насер. Се наведува дека другите тројца работеле за Ал Џезира, Асошиејтед Прес и НБЦ.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Во Северна Македонија иако секогаш е навидум јасно, сепак, во рамки на законската легислатива понекогаш е тешко да се разграничи кампања од пропаганда, бидејќи дел од партиите користат позитивни пораки и програми, но истовремено прибегнуваат и кон манипулации – особено преку медиуми блиски до нив. Дознајте повеќе за „Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Војната на Путин против Украина е војна против демократијата – и тоа е војна што тој не може да ја добие. Агресијата на Кремљ го урна мирот, но борбата на Украина ветува дека тиранијата ќе падне. Украина не се скрши. Таа стои исправена. Нејзиниот народ издржува воздушни напади, мрак и загуби, но одбива да се предаде. Војници на фронтот, семејства разделени со егзил, деца кои учат во подземни засолништа – сите сведочат за нација што не го брани само својот простор, туку и самата идеја за слобода. Светот сведочи за тоа секој ден“, пишува Џабир Дерала во „Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен“.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ