• Latest

Од понеделник почнува првата фаза на пописот -ќе се попишуват иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците

February 27, 2021

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Од понеделник почнува првата фаза на пописот -ќе се попишуват иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците

February 27, 2021 11:58
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во понеделник, 1 март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа дека оваа активност ќе се спроведе во периодот од 1  март  до 21 април  2021 година.

МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која, како што посочи Симевски, е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана.

Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.

– ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата, рече Османи.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за усулгите што им се потребни на иселениците.

– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините заошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.

Симoвски посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

– Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината, истакна директорот на ДЗС .

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку  пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:

 www.stat.gov.mk

https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.

Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.

Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде  точни и целосни податоци.

Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март  2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април  2021 година.

Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Корисни линкови за ПОПИС 2021:

https://www.stat.gov.mk/

http://popis2021.stat.gov.mk/

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ