• Latest

Симовски: Во сегашната состојба има услови да се спроведе пописот со почитување на протоколите

March 5, 2021

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Симовски: Во сегашната состојба има услови да се спроведе пописот со почитување на протоколите

March 5, 2021 13:04
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во овие моменти има услови да се спроведе пописот на терен, но секој поединец мора да ги почитува безбедносните протоколи, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по неговата средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи и претставници на трите најголеми верски заедници во земјава.

– Комисијата за заразни болести апсолутно ја следи состојбата на дневна основа. Ако ситуацијата дојде таква да спроведувањето на пописот биде нецелисходно и Комисијата препорача одлагање, ние апсолутно ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опасност и да бидеме причина за ширење на вирусот, истакна Симовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ДЗС размислува за одлагање на пописот, имајќи предвид дека расте бројот на новоинфицирани со Ковид-19.

Во однос на изборот за попишувачи, Симовски изјави дека на првиот конкурс во 15-16 региони не се пријавиле доволен број попишувачи, поради што е објавен дополнителен конкурс што треба да заврши во недела.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа од која земја има најмногу само попишани наши иселеници, Симовски изјави дека ДЗС засега нема такви податоци, нагласувајќи дека дополнително и не се отвора базата за да се прават такви анализи, со оглед дека имаше дезинформации за некакви хакерски упади во системот.

– Базата е целосно заштитена, а се нејзино неотворање сакаме дополнително да ја заштитиме, додека не спласне оваа тензија дека е можно нешто такво, додаде Симовски.

Тој нагласи дека почнувајќи од првиот попис во земјава по Втората светска војна во 1948 година, па и на сите наредни, секој можел слободно да се изјасни за својата етничка припадност онака како што сака.

– Така ќе биде и сега. Нема никакви ограничување во однос на тоа кој како ќе се изјасни за етничката припадност, макар тоа биле и апсурдни одговори, истакна Симовски.

Тој додаде дека податоците за бројноста на припадниците на секоја етничка заедница ќе бидат достапни на јавноста и во електронска и во печатена форма.

– Ако сакате после пописот, ќе можете да видите и колку Марсовци има кај нас. Се што ќе има како податок ќе биде видливо, забележа Симовски.

Министерот Османи, од своја страна, изјави дека се користат сите можни начини за информирање на иселениците независно каде живеат, првенствено преку ДКП-та, од каде се добиени различни идеи и планови за контакти со лицата во дијаспората.

– Во наредните денови ќе имам посети низ европските држави каде покрај со моите колеги, ќе имам средби и со претставници на нашата дијаспора за да им пренесам дека сме во фаза на попис, изјави Османи.

Тој додаде дека за информирање на нашите иселеници се користат и социјалните мрежи, МНР има отворено и контакт телефон за дијаспората, а и медиумите имаат важна улога во тој процес, бидејќи нашинците во странство ги следат преку интернет.

– Имаме историска шанса да добиеме јасна слика колку не има во светот и како тоа да го ставиме во функција на понатамошен развој на државата, но и да им помогнеме на иселениците во нивните секојдневни животи, додаде Османи.

Тој нагласи дека лидерите на верските заедници на денешната средба презеле одговорност преку своите мрежи да ги информираат нивните верниците во странство, за што ќе добијат и соодветни информативни материјали од ДЗС за процедурата за попис.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ