• Latest

Функционирање на системот – закана за корупцијата

March 11, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Функционирање на системот – закана за корупцијата

March 11, 2021 11:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ

Историјата на светот не учи дека имало разни начини на управување со народот, градот, до формирањето на државите. Тоа секако дека било управувано од традиционалните моќни семејства, до крал монарх, цареви, императори, султани, диктатори, па се до демократско управување. Да се стигне до овој процес на управување со обиди и грешки, демократијата со сите свои недостатоци стана прифатена како најдобра форма на управување.

Од самостојноста на Република Северна Македонија, со колку толку наследство на вредности, култура и тоа што остана од бившата Југославија, несомнено најголемиот дел од периодот беше поминат во транзиција и многу експериментални проекти, до денешницата.

По независноста, Македонија ја прифати парламентарната форма на демократија во која сите овластувања на државата беа ставени во рацете на избраните претставници на народот.  Така што, Парламентот е еден од најважните столбови на нашата демократија, граѓаните периодично (пракса е на секои 2 3 години да имаме избори) избираат свои претставници, и изборите се составен дел од нашиот демократски систем, секако вистинските аспирации и очекувања на избирачите можат да се рефлектираат само преку фер избори. Така, од страна на членовите на парламентот (пратениците) и членовите на владата (министрите) на чело со премиерот, беше, и е задолжително да се однесуваат според нормите утврдени во нашиот Устав, и да се залагаат за заштита на граѓаните и територијалниот интегритет, добрата економија, итн .

Дали сме размислиле кое прво ќе го одбереме? Во градот се случува голем настан, концерт од светска позната музичка група, концерт кој може ќе се повтори после една декада. Сите карти се продадени… Што би направиле, ќе чекате друг пат да бидете поспремни и да резервирате карти или ќе барате да најдете карти на црн пазар?

Одговорот на прашањето ќе го покаже нивото на корупцијата во нашата држава.

Дадената поддршка на Претседателот Стево Пендаровски по приемот на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, дава надеж и охрабрување за да се почне со усвоениот План за борба против корупцијата.

Во момент на ретроспектива на политиката и водење на државата, се сфаќа дека демократскиот систем сè повеќе го водат пари, мускулна моќ, индивидуална алчност и нескриени амбиции на политичките претставници кои се на своите места, значи со борбата против корупцијата се почнува од Владата како што и неодамна најави вицепремиерот Николовски. За која народот сака и чека остварување на ветувањата и подигање на свеста на реченицата “законот важи за сите исто”.

Потребна е посилна координација меѓу телата на владеењето на правото со конкретна политичка волја за зајакнување на постојните механизми, вклучително и структурата за известување и координација, како и буџетот, за да се помогне во зголемувањето на ефикасноста во целокупната борба против корупцијата.

Во согласност со обемот на работењето, Владата треба да биде водечки авторитет во земјата особено во справувањето со корупцијата, со јасна структура на полициските службеници, обвинители и експерти. Понатаму, искористувајќи ги добрите практики треба да ја зголеми транспарентноста преку зајакнување на нејзините односи со јавноста, за која ќе помагаат и медиумите.

Корупцијата е еден од најголемите фактори што го попречуваат развојот и ја гушат реализацијата на демократијата, која влијае негативно на растот на една нација, ги намалува приходите на Владата и создава нееднаквости во распределбата на приходите и богатството. Корупцијата влијае на економски, социјално и политички развој, се појавува во многу форми, честопати во политиката. Политичарите односно тие кои ги водат институциите, како министри, директори, управители, на редовна основа се прогласени за виновни за корупција. Постои корупција во полициските сили, во законот и редот, па дури и во управувањето со еден обичен местен фудбалски натпревар, со покачување на коефициент на послабиот тим и на 90′ да биде победник, па така да се собираат голем дел од средствата на платените “ливчиња” во обложувалниците.

Корупцијата е предизвикана главно од желбите на моќ и побарувачка, а таа создава негативна атмосфера и не носи никакво добро, или  како што рекол Шекспир: „Најдобрите работи, кога ќе се корумпираат, стануваат најлоши“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ