пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Историјата на светот не учи дека имало разни начини на управување со народот, градот, до формирањето на државите. Тоа секако дека било управувано од традиционалните моќни семејства, до крал монарх, цареви, императори, султани, диктатори, па се до демократско управување. Да се стигне до овој процес на управување со обиди и грешки, демократијата со сите свои недостатоци стана прифатена како најдобра форма на управување.
Од самостојноста на Република Северна Македонија, со колку толку наследство на вредности, култура и тоа што остана од бившата Југославија, несомнено најголемиот дел од периодот беше поминат во транзиција и многу експериментални проекти, до денешницата.
По независноста, Македонија ја прифати парламентарната форма на демократија во која сите овластувања на државата беа ставени во рацете на избраните претставници на народот. Така што, Парламентот е еден од најважните столбови на нашата демократија, граѓаните периодично (пракса е на секои 2 3 години да имаме избори) избираат свои претставници, и изборите се составен дел од нашиот демократски систем, секако вистинските аспирации и очекувања на избирачите можат да се рефлектираат само преку фер избори. Така, од страна на членовите на парламентот (пратениците) и членовите на владата (министрите) на чело со премиерот, беше, и е задолжително да се однесуваат според нормите утврдени во нашиот Устав, и да се залагаат за заштита на граѓаните и територијалниот интегритет, добрата економија, итн .
Дали сме размислиле кое прво ќе го одбереме? Во градот се случува голем настан, концерт од светска позната музичка група, концерт кој може ќе се повтори после една декада. Сите карти се продадени… Што би направиле, ќе чекате друг пат да бидете поспремни и да резервирате карти или ќе барате да најдете карти на црн пазар?
Одговорот на прашањето ќе го покаже нивото на корупцијата во нашата држава.
Дадената поддршка на Претседателот Стево Пендаровски по приемот на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, дава надеж и охрабрување за да се почне со усвоениот План за борба против корупцијата.
Во момент на ретроспектива на политиката и водење на државата, се сфаќа дека демократскиот систем сè повеќе го водат пари, мускулна моќ, индивидуална алчност и нескриени амбиции на политичките претставници кои се на своите места, значи со борбата против корупцијата се почнува од Владата како што и неодамна најави вицепремиерот Николовски. За која народот сака и чека остварување на ветувањата и подигање на свеста на реченицата “законот важи за сите исто”.
Потребна е посилна координација меѓу телата на владеењето на правото со конкретна политичка волја за зајакнување на постојните механизми, вклучително и структурата за известување и координација, како и буџетот, за да се помогне во зголемувањето на ефикасноста во целокупната борба против корупцијата.
Во согласност со обемот на работењето, Владата треба да биде водечки авторитет во земјата особено во справувањето со корупцијата, со јасна структура на полициските службеници, обвинители и експерти. Понатаму, искористувајќи ги добрите практики треба да ја зголеми транспарентноста преку зајакнување на нејзините односи со јавноста, за која ќе помагаат и медиумите.
Корупцијата е еден од најголемите фактори што го попречуваат развојот и ја гушат реализацијата на демократијата, која влијае негативно на растот на една нација, ги намалува приходите на Владата и создава нееднаквости во распределбата на приходите и богатството. Корупцијата влијае на економски, социјално и политички развој, се појавува во многу форми, честопати во политиката. Политичарите односно тие кои ги водат институциите, како министри, директори, управители, на редовна основа се прогласени за виновни за корупција. Постои корупција во полициските сили, во законот и редот, па дури и во управувањето со еден обичен местен фудбалски натпревар, со покачување на коефициент на послабиот тим и на 90′ да биде победник, па така да се собираат голем дел од средствата на платените “ливчиња” во обложувалниците.
Корупцијата е предизвикана главно од желбите на моќ и побарувачка, а таа создава негативна атмосфера и не носи никакво добро, или како што рекол Шекспир: „Најдобрите работи, кога ќе се корумпираат, стануваат најлоши“.