Христијан Мицкоски побара одложување на пописот до септември во писмо до меѓунарондиот фактор во земјата. Како главна причина ја наведува состојбата со Ковид-19 во земјата.
Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ во писмото, освен одложување на пописот, од истите причини, здравствена состојба во земјата, се бара и одложување на локалните избори наместо во октомври, да се одржат во ноември.
Предлог за одложување на локалните избори даде и претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој вчера изјави дека причината би била немање договор меѓу политичките партии до крајот на март за земање на отпечатоци од прст при гласањето.