• Latest

Даштевски: Партиите побрзо да ги усогласат ставовите во врска со користењето на отпечатокот од прст на локалните избори

March 10, 2021
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Даштевски: Партиите побрзо да ги усогласат ставовите во врска со користењето на отпечатокот од прст на локалните избори

March 10, 2021 15:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски смета дека одржувањето на локалните избори ќе треба да се одложи за еден месец доколку до крајот на март политичките партии не се договорат околу идејата за земање отпечатоци од прст при гласањето.

Даштевски денеска изјави дека во Собранието треба итно да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР. Според него, парите за овој процес се обезбедени.

– Ако до крајот на март, почетокот на април, се договорат во работната група, може да се спроведе процесот за отпечаток од прст за гласањето, а нема ни друга алтернатива, тоа е задолжително според Законот и ние не може да не го спроведеме. Од она што го слушаме постои политичка волја да се заврши таа работа, истакна Даштевски.

Доколку партиите не се договорат навреме има повеќе алтернативи, а една од нив би била да се одложат изборите за еден месец што би се направило преку измени во законот.

Даштевски апелира до партиите да се договорат навреме, за тоа да може да се имплементира.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, кој денеска присуствуваше на настан во ДИК, рече дека во моментот кога ќе има консензус од сите политички партии тогаш ќе се спроведе собраниската процедура.

Според него, дилемите дали македонскиот систем е подготвен за ваков покомплексен изборен процес биле отворени од ДУИ. Несогласувањата, се како што посочи, околу изведбата на целиот процес, подготвеноста на системот за негово спроведување и на денот на изборите да бидеме сигурни дека ќе имаме минимални можности за проблеми и целиот тек да биде успешен за сите да бидат задоволни и никој да не ги оспорува резултатите

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ