• Latest
Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на Канал77 и ММС, Заев истакна дека ќе се заложи за основање на Фонд за медиумски содржини кое ќе го носи името на Гаврилов

March 12, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на Канал77 и ММС, Заев истакна дека ќе се заложи за основање на Фонд за медиумски содржини кое ќе го носи името на Гаврилов

March 12, 2021 09:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По кусо боледување вчера почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Поради неговото познавање на оваа област и професионалност беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.

Со огромно неверување ја примив жалната вест за смртта на Горан Гаврилов, основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис.

Со оваа прерана смрт изгубивме искрен и посветен медиумски работник кој со својата храброст и подготвеност да се соочува со професионалните медиумски предизвици предничеше и постави стандарди за медиумскиот бизнис и за новинарството кои ќе останат запаметени како негови дела.

Со Горан Гаврилов како основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми, јас и Владата, заради неговото познавање на оваа област и заради неговиот ентузијазам, имавме блиска соработка и комуникација за унапредување на условите за работата на медиумите.

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство и се прости од Гаврилов и истакна дека ќе се заложи неговиот сон за основање на Фонд за медиумски содржини да стане јаве и да го носи неговото име.

„Она што лично го знам, од моите разговори со него е дека секогаш беше на страната на новинарите. Имаше развиено и сериозен концепт и предлог иницијатива за основање на „Фонд за медиуми“ за продукција на медиумски содржини од јавен интерес, како механизам за поддршка на професионалните ангажмани на медиумските работници. Лично ќе се заложам неговиот сон да стане јаве и ќе дадам поддршка за основање на Фонд за продукција на медиумски содржини од јавен интерес согласно неговата основна идеја и по примерот на неколку европски земји и ќе иницирам таквиот фонд да го носи името Горан Гаврилов.

Во мое име и во име на Владата, на семејството на Горан и на неговите роднини и пријатели им изразувам искрено сочувство. Нека е вечен споменот за Горан и за неговите достигнувања. Слава му“,  гласи Фејсбук статусoт на премиерот Зоран Заев.

Гаврилов започна со работа како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Македонија. Радио „Канал 77“, кое годинава ја одбележува 30 годишнината од постоењето, започна со работа на 4 октомври 1991 година, како прв приватен комерцијален радиодифузер.

Гаврилов беше поборник за слободата на изразување и слободата на говорот, кои како што велеше, „се базични слободи и права, кон кои сите треба да тежнееме“.

Радио Канал 77 со седиште во Штип е првото македонско приватно национално радио, работи од 1991, а ја покрива целата територија на земјава. Канал 77 денеска функционира како Мултимедијален центар, во кој се радиото, интегрираната редакција, порталот ММС, телевизиско студио, конгресна сала, радио-кафе, летна сцена.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ