• Latest

Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност

March 15, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност

March 15, 2021 16:46
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Уште од најмала возраст момчињата и девојчињата ги насочуваме кон родова нерамноправност и улогата на мажот ја поставуваме поинаку од онаа на жената. Основите на сé што понатаму ни се случува се во основното образование. Сите стереотипи против кои со години се бориме со законски решенија и акциски планови и стратегии, постојат како стереотипи и дискриминација и во учебниците и во наставните програми, и во континуитет продолжуваме да ги едуцираме нашите ученици на дискриминација, на нетолеранција, на родова нерамноправност, рече министерката Мила Царовска на промоцијата на Студијата за жените во Република Северна Македонија 2020/2021, сеопфатно истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“, со национален репрезентативен примерок од 1066 испитаници.

Истражувањето имаше за цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето политиката, безбедноста и грижата за здравјето.

„Токму затоа, меѓу првите активности што ги имавме во министерството, беше и новата Концепција за основно образование. Концепцијата е дел од  владината програма, но сега не се занимававме само со пристапот на учење што ќе го имаат учениците, туку и за прв пат во концепцијата поставивме три основни постулати на кои мора да се заснова образованието.

И многу често ќе видите во јавноста се дискутира – а зошто е потребно во Концепцијата за основно образование во првите страници да има интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност. Одговорот е – затоа што многу години заборавивме дека залудно што државата ја има ратификувано Истанбулската конвенција и е донесен Закон за недискриминација, залудно сите други напори, кога во основното образование постапуваме целосно спротивно од европските и светските стандарди коишто треба да ги имаме и кај нас“, нагласи Царовска.

Очекувањата од новата Концепција за основно образование се, веќе да не се случува по граѓанско образование да се учи што е родова рамноправност, или за улогата на жената, или што е демократија, а по мајчин јазик децата да учат дека местото на жената е во кујната и дека таа повеќе треба да се грижи за децата.

За учебниците, министерката Царовска рече дека дел се повлекуваат, но тоа е покажување политичка волја дека работите треба да се менуваат.

„Системското решение е објавено на ЕНЕР, новиот закон за дидактички материјали и учебници, каде што се поставуваат филтри и каде што задолжително се поставува и експерт по човекови права и недискриминација, којшто има работно искуство од десет години, за да не се случуваат вакви превиди како досега“, истакна Царовска.

Говорејќи за активноста на жените во политиката, министерката Царовска рече дека не само партиите, туку и системот треба да ги поддржи жените за да можат да бидат политички активни.

„Политичките партии треба да поставуваат мерит системи во изборот кои жени се поддржуваат и одат напред и добиваат функции, но исто така и во делот на баланс семејство-работа. Задолжително треба да се направат механизми на поддршка на жените коишто сакаат да бидат активни, но од различни причини не можат.  Ако системот не нуди поддршка, не само партиите коишто сакаат да ги поддржат жените туку треба да имаме услуги на локално ниво, училишта коишто се отворени во подолг период, градинките исто така да имаат смени, за да може сите подеднакво да вложат во својата кариера и да се развиваат“, укажа Царовска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ