• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Кој, ако не повторно Палмер и неговото друштво

April 1, 2021

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој, ако не повторно Палмер и неговото друштво

Судбината, во ова мало македонско котле, сме си сите ние самите. Ајде да го европеизираме. Македонија повеќе нема ниту место ниту време за било кави потреси предизвикани од партиски и од меѓупартиски малтретирања. Ниту пак општеството има веќе сили да поднесува историски фрустрации и романтичарски соништа.

April 1, 2021 13:03
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Македонија е малтретирана земја. И однадвор, но сепак најмногу од самата себе одвнатре. Ова и историски и тековно. Првото е тема за историчарите и за хроничарите. Ова второто, актуелново политичко, посебно ова тридецениско самостојно плурално, упатува на состојба, на државен и општествен амбиент во кој речиси немало ниту ден да се здивне.

Од конфликт до конфликт, од кавга до кавга, од афера до афера. Во таквите перманентни и најчесто нејасни состојби, би требало да се бараат и причините за македонските стагнации. За институционалните атрофии кои го појаснуваат нашиот тридецениски развоен од во место. И тоа, еве како рецидив се влечка до ден денес. Едни туркаат напред, други влечат назад, трети уште закачени за историски романтизми, четврти…

Тој македонски ментален обрач, таа стега што нè закотвила на последното европско скалило по сите егзистенцијални параметри, тоа тргни-застани, тие чекори те напред – те назад, тој наш немир блокиран во морето од партизираност, од корупција, од клиентелизам, од непотизам и, секако, за цела наша среќа, одвреме-навреме ни го „изместуваат“ странците. Пред сè, американската дипломатија на која, така излегува, многу повеќе отколку на нашите партиски елити, ѝ е поважно ова парче, сега и НАТО земја, барем елементарно да се потспастри и барем малку цивилизациски да се упристои.

Нам, на нашите партиски водства, наспроти постојаните очекувања, еве и на прагот од четвртата деценија самостојност, плурализам и нели демократија, уште никако да ни дојде макар доза европско отрезнување. Малку беа и решенијата на Бадинтер и насоките на Прибе и охридскиот и договорите еден и два и три пржински и колку ли уште ќе ги има. А ќе ги има сè додека приоритетно политичките елити не се демократизираат и сè додека прво тие проевропски не се потсредат. Прво тие да се демократизираат и да ја ослободат сопствената држава од самите себе. И притоа, секако, да нè ослободат и нас граѓаните и да нè препуштат на институциите.

Македонија е постојано на некаков почеток. Во истиот филм без епилог. Еве и сега, по којзнае кој пат, заглави во зарибаните партиски релации. Пак во состојбата ниту ваму – ниту таму. И срам, не срам, пак мораше да интервенира американската администрација. И овој пат, повторно нејзиниот највисокиот дипломат задолжен за регионов, Метју Палмер. И пак, како педагог во дом за деликвенти. Ги искара адолесцентите, им даде по пет минути да се средат, да ја подистресат партиската прав од себе и да ги поттурнат и парламентот и законите и пописот и…

До кога сево ќе потрае, до првиот нареден меѓупартиски инает ли, до првата интервенција на меѓународната, ќе се види бргу. Искуството зборува дека за нови партиски препирки не ќе треба да мине многу време. Наспроти актуелните опструкции на соседите, државата Македонија уште не го препознава патот за Европа. Уште талка по теснопартиските беспаќа. Уште никако да се ослободи од транзициската агонијата што нè замајува еве веќе цели три децении.

Сепак, нели сепак, одвреме-навреме ќе кресне по некоја искра и по некоја демократска  појава ќе влее трошка надеж. Во таа насока, еве, се случи и конгрес на СДСМ. За првпат, првиот човек на партијата е избран од членството на непосредни избори. Водството на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се извлече од вонредниот конгрес на кој во најава беше проектирана негова смена. Иницијативата издиша само поради фактот што меѓу тамошните партиски алтернативци има евидентна концентрација на компромитирани кадри од времето на груевистичкиот режим. Во ДУИ, пак, и натаму подзаспана од сè уште преслабата опозиција, засега само спорадично се слуша за по некој внатрешен конфликт во врвот на партијата. Ќе пушти по некој сигнал дека и таму е можно поместување од веќе бајатите партиски манири.

Сè на сè, бавно, несигурно и пак – ништо без Палмер и неговите. Најсвежиот пример за заблудената кусогледа политика, е речиси пропаднатиот попис засега утешително именуван како одложен. За светот одамна, една обична и нужна статистичка операција, овдешните партиски водства повторно успеаја да ја преобразат во чисто политичка. Пак им појде од рака да го поделат општеството и, судејќи по реакциите, граѓаните да ги сместат во нивните препознатливи етно навивачки табори. Пак им успеа еден обичен државен административен проект, од институционалните, од стручните професионални патеки, да го пренасочат на својот познат партиски терен. И ете го, на повидок, пак речиси идентичниот епилог како со претходниот обид за попис од нели, времето на режимот.

Македонија повеќе нема ниту место ниту време за било кави потреси предизвикани од партиски и од меѓупартиски малтретирања. Ниту пак општеството има веќе сили да поднесува историски фрустрации и романтичарски соништа. Земјата денес е тоа што е и е таква каква што е. Неповратно граѓанска. Со граѓани овде и со наши сограѓани надвор во потрага по егзистенција. Партиските стампеда по етнички евиденции, пак ни го донесоа Палмер. Најмоќната светска демократска администрација пак да ни превенира конфликти кон кои упатуваат себичните партиски политики, вклучително и овие актуелниве со пописот.

На земјава ѝ престојат реформи. И потребни се и меѓупартиска кооперативност и меѓуграѓанско единство. Потребно и е натамошно унапредување на концептот  една држава за сите и едно општество за сите. Кон таа цел, ако е потребно, а веројатно е, ќе бидат нужни и нови уставни корекции. Тоа, конечно барем еднаш, ќе мораме и ќе мора да можеме да го сториме самите, зашто веќе доволно ги измалтретиравме и Палмер и неговите.

Судбината, во ова мало македонско котле, сме си сите ние самите.

Ајде да го европеизираме.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ