• Latest

Истокот празен, и западот не е за фалење…

April 5, 2021
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Истокот празен, и западот не е за фалење…

April 5, 2021 10:55
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ

Да се искористи приликата да се прошетаат градовите на Република Северна Македонија, и да се пренесе која е разликата, не е лесно. Во населените места на  источниот дел од државата, во кои се забележува разлика од пред неколку години, повеќето се празни и нема многу движење на младите, а веројатно и повеќе се почитуваат мерките за спречување на коронавирусот.

Во еден кус разговор со еден угостител   во Делчево, на прашањето каде се луѓето, ми одговори дека многумина се по европските земји, и дека  само за време на  летниот период се враќаат дома. Во  Берово не забележав движење, а во Кочани, бидејќи беше пазарен ден, беше поинаку. Виница ништо посебно, исто така делуваше празно, а пак во Кратово освен неколку дечиња и стари лица, не видов движење на младина. Пробиштип ми остави впечаток  на чист град, среден центар и убаво вкусно кафе каде што можев да забележам малку повеќе движење за разлика од гореспоменатите градови. Штип неколкупати сум поминал и забележено е дека има движење и студенти од други градови и земји, и како што велат и самите, барем има кој да се прошета по штипските улици. Интересно  беше во Свети Николе, како што кажаа и самите граѓани,  како за среќа, забележав малку повеќе движење, но не е  како што било пред неколку години. Гевгелија така празна,  во Струмица имаше нешто повеќе, дури и мала гужва по улиците додека излегов од градот со автомобил. Во Кавадарци времето се погоди да дува ветер, може тоа беше и причина да не се забележи движење на кавадарчани, а Неготино празнично делуваше, можеби излезени на излет.

Каде е младината, зар сите отидоа надвор од земјава, или можеби  во Скопје?

За разлика од источна Македонија, западниот дел има разлика. Од Тетово до Гостивар ( речиси споени со селата),во овие два града често се губи време на семафорите, па дури и по кружните текови треба да намалиш брзина заради колоните возила  пред тебе. Кафулињата и во ова време на пандемија, секако, со почитување на протоколите за Ковид-19, средно полни, но има голема разлика,  се забележува  поголемо движење и на млади и на повозрасни. Кичево – добар град, за кратко ќе стигнеш на излезот, но тука е добро за една кратка пауза за кафе, сепак ќе видиш повеќе народ отколку во другите источни градови. “Како Струга нема друга”, сите го велиме истото, не е многу сменето, но можеби затоа што беше ден пред викенд па некој  поранил и дошол да го помине викендот и да го искористи убавото време покрај Дрим. Ресен како за четврток, беше добар ден, мало гратче, ми заличи исто како источниот дел, празен, но сепак се забележуваше младина. Охрид сите знаеме дека не е ист како во летниот период, но се зачудив, пред пандемијата и тоа декември месец за разлика од сега почетокот на пролетта и со сончево време, малку се разочарав не забележав прошетки. Добро, веројатно почитуваат мерки… ако не се заминати.

По овие глетки низ речиси целата држава, неизбежно ми е прашањето – каде е младината, и дали ќе направиме нешто за тие да останат во својата земја?

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ