• Latest

Спасовски: Кривична пријава за десет лица за нелегално издавање пасоши на странски државјани

April 6, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Кривична пријава за десет лица за нелегално издавање пасоши на странски државјани

April 6, 2021 20:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против десет лица вработени во МВР кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за лица странски државјани, употребувајќи туѓ идентитет на државјани на Република Северна Македонија, кои до моментот на издавањето не поседувале биометриски лични документи. Од нив девет се приведени, и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното обвинителство и надлежниот суд, а по лицето кое денеска не беше пронајдено во својот дом ќе се трага, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој на прес-конференција во Владата потсети дека истрагата за овој случај е отворена на почетокот на 2019 година и со неа утврдиле дека службените лица делото го извршиле на начин спротивен на одредбите од Постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РСМ, со што овозможиле на вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани, и еден македонски државјанин, да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет. Дополни дека како поддршка на криминалната мрежа било и лице кое не поседува службени овластувања, туку е посредник помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица.

Поддршка во насока на идентификување на вистинскиот идентитет на лицата била обезбедена и по пат на меѓународна полициска соработка преку Регионалната канцеларија за безбедност на САД, како и Генералниот секретаријат на Интерпол Лион и Интерпол Скопје. Притоа, било утврдено дека во еден дел станува збор за лица кои се членови на меѓународни организирани криминални групи, нарко-картели, лица инволвирани во други сериозни кривични дела односно дека станува збор за лица со профил од висок ризик и лица за кои е објавена меѓународна потерница со други идентитети.

Спасовски ја демантираше веста дека наводно оваа акција била почната во периодот кога министер бил Наќе Чулев, а дека потоа МВР не преземала ништо, класифицирајќи ја како целосна невистина, директно поврзана со обидот да се саботира акцијата на полицијата.

– Сакам во оваа прилика да упатам порака до сите кои мислат дека со опструкции и саботажи ќе нè спречат во пресметката со криминалците дека бадијала се трудат. Нема ниту да застанеме ниту да не поколебате. Ова го истакнувам поради фактот што при реализацијата на оваа акција се соочивме и со обид за саботажа која не успеа, изјави Спасовски.

За обидот за саботажа на акцијата, изјави дека очекува да се произнесе и јавното обвинителство.

Во одговор на прашање министерот Спасовски рече дека вакви исправи биле издавани и пред 2017 година и посочи дека Горан Грујовски од УБК имал лажна исправа на име на Владимир Варелов.

Порача дека граѓаните може да се чувствуваат сигурно и дека не им е загрозена правната сигурност во државата, а потврда за тоа, како што рече е оваа акција која покажува дека институциите си ја работат работата.

Министерот Спасовски на денешната прес-конференција ги повика граѓаните да ги почитуваат сите мерки во овој, како што рече, исклучително тежок период со ковид кризата, со цел максимално да се придонесе во делот на спречувањето на ширењето на вирусот и апелираше сите граѓани да бидат подготвени да се имунизираат за заедно да го сопреме злото.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ