од архивата на ЦИВИЛ, објавено на 8 април, 2020
пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ
Еднаш одамна некој ме прекори – жиците не ти се празнат, само переш, како циганка. На што одговорив – тоа значи дека сме чисти. На што ми врати – добро вeлиш, жената што ми чисти дома навистина добро чисти. Циганка е. На што ја прашав – колку ја плаќаш? Вели – 500 денари, доста и се, и давам и стари алишта, овие нашиве бараат по 800 – 1000.
Не се работи само за предрасуди, туку за плиткост.
Општото мислење дека на Ромка/Ром им требаат помалку пари отколку на другите, и за тоа дека тие се предодредени за слугување и однесување кон нив како кон некоја подврста луѓе, со честитки еднаш годишно за денот на Ромите, а другите денови се само Цигани таму во Шутка и кај касарната и по улици и само перат и влечкаат старудии со колички, чистат по домовите на белците и ако нешто недостига дома тогаш по автоматизам се и крадци, е заради немање волја ниту желба да се запознаат подлабоко, бидејќи така е полесно. Менталитетот се гради и надградува и со помош на другите, секогаш, секаде, ако не мислиш дека си над некого. Денеска ќе прочитаме многу честитки, од кои најголем број најверојатно ќе бидат од типот “и јас имам пријател Ром”, како и обично. Не мора да имаш „и“ пријател Ром, или друг вид, различен од твојот… Доволно е да си свесен дека привилегиите се штетни, доколку сметаш дека ти припаѓаат само тебе.
Наместо честитка…