• Latest

Царовска: Заеднички да градиме нови генерации со интеркултурни вредности и недискриминација

April 8, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Заеднички да градиме нови генерации со интеркултурни вредности и недискриминација

April 8, 2021 11:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапот до квалитетно образование за секое дете е врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата. Затоа со новата концепција за основно образование создаваме „ново училиште“ во кое главни столбови се подобрувањето на меѓуетничката интеграција, заштитата од дискриминација и инклузијата со цел унапредување на образованието на помалите етнички заедници, соопшти Министерството за образование и наука.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, честитајќи го 8 Април, Светски ден на Ромите и 50-годишнината од одржувањето на првиот Ромски конгрес во 1971 година, вели дека со новите наставни програми, кои се во подготовка, целта е да се изградат нови генерации кои ќе растат со меѓусебно почитување, толеранција и почитување на различностите во општеството.

– За поддршка на основно образование на децата Роми согласно Законот за основното образование обезбедени се медијатори и средства во Буџетот на МОН за 2021 година од шест милиони денари за ангажирање на 35 образовни медијатори кои делуваат во 26 општини во државата. Тие им помагаат на децата во образовниот процес, но исто така работат и на подобрување на пристапот до училишта и намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес, преку средби со родителите, стручните соработници и наставниците, посочува министерката Царовска.

Со поддршка на МОН се реализира новиот проект „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование”, финансиран од ЕУ Делегација, а кој го спроведува ФООМ заедно со своите партнери: Здружението „Центар за образовна поддршка Дендо вас” и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”. Во рамки на овој проект, обезбедени се 638 стипендии за прво и второ одделение за ученици Роми, чии родители се приматели на социјална помош, од кои 300 стипендии од прво одделение и 338 стипендии за второ одделение. Учениците од трето до деветто одделение, во моментот 2200 ученици од шест општини и 13 основни училишта, имаат можност да го негуваат својот мајчин јазик и да ја изучуваат својата култура преку изборниот предмет јазик и култура на Ромите, информираат од Министерството.

– Го зголемивме бројот на стипендии за учениците средношколци за оваа учебна година. Вкупно 891 стипендија за средношколци Роми од јавните и приватните училишта за оваа учебна година се доделени во пет категории, согласно успехот на ученикот. Воедно, зголемен е и трендот на запишување на учениците Роми на високообразовните установи, споредено со последните три години, од 42 отсто на 48 отсто, нагласува Царовска.

Во насока на обезбедување инклузивност на образовниот систем донесена е концепција за инклузивно образование, во која е уреден начинот и постапката за вклучување на деца кои се надвор од образовниот систем. Со подзаконски акти, корисници на гарантирана минимална помош ослободени се од трошоци за признавање на свидетелство. Обезбедено е туторство на ученици од основното образование, се овозможува запишување во соодветното одделение на основно образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница и прилагодени се наставните програми за олеснување на овој процес.

Во новиот Закон за основно образование, процесот за меѓуетничката интеграција во образованието е уште повеќе зајакнат преку посебно подрачје – Унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција каде е предвидено формирањето на Тим за училишна интеграција. Во 95 отсто од основните училишта веќе се формирани такви тимови. Во учебната 2019/2020 година Министерството за образование додели 95 грантови за меѓуетничка интеграција до 30.000 денари, за 70 основни и 25 средни училишта, а во учебната 2020/2021 година на 70 основни и 24 средни училишта, стои во соопштението.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ