По повод јубилејот Пет години Шарена револуција, ЦИВИЛ организира програма во живо на 12 април, со почеток во 12 часот. Програмата ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Организацијата ќе покани истакнати активисти за човекови права, кои учествуваа во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја.
Денот кога започна Шарената револуција, 12 април, ќе остане запаметен во македонската историја како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да ни се случи. Борбата продолжува.
Со почеток во 10:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за спроведување на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и за Упатството за примена на Кодексот во првото тримесечје од годинава.
Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на правната одбрана на Јордан Камчев.
Во 12:00 часот Коалицијата „Сите за правично судење“ организира тркалезна маса во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“. Како што е најавено, ќе се обратат извршната директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска, Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондација Отворено општество – Македонија и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












