• Latest

Шахпаска: Развојот на социјалните претпријатија потврда за градење општествено одговорна економија

April 16, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Развојот на социјалните претпријатија потврда за градење општествено одговорна економија

April 16, 2021 14:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска со обраќање го отвори годинешниот Форум на добри компании во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Германското  друштво за интернационална соработка (ГИЗ), соопшти МТСП.

Акцентот на вториот ден од годинешниот Форум, што првпат годинава се одржа онлајн беше ставен на социјалните претпријатија, социјалните услуги како потреби на заедницата и иновациите во оваа област.

-Намалувањето  на сиромаштијата и зајакнувањето на човечкиот капитал е заедничка стратешка цел на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија. Со реформите создаваме интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита кој обезбедува достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги, креирани да одговорат на реалните потреби на граѓаните, рече министерката во обраќањето.

Таа потенцираше дека многу важен сегмент во реформските процеси е децентрализацијата на социјалните услуги. Тоа, рече, подразбира изградба на локални мрежи од социјални услуги дизајнирани според специфичните потреби на граѓаните во секоја општина.

-Процесот на децентрализација овозможува и поттикнува меѓу општинска соработка во социјалната заштита и развој на нови иновативни социјални услуги. Но, таа предвидува и мултилатерални партнерства кои што претставуваат здружување на институции и организации од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои имаат заедничка цел, заедно да се справат со комплексните и мултидимензионални социјални проблеми, истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека  развојот на социјалните услуги овозможува вложување во човечкиот капитал и вработувања кои одговараат на потенцијалите, афинитетите и потребите на работоспособните граѓани на локално ниво.

-Реформата има значајно влијание во развојот на социјалната економија во земјата, постигнување на социјална кохезија, борба против сиромаштијата преку вклучување ранливи категории на граѓани на пазарот на трудот, унапредување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на животот во целина, рече министерката Шахпаска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика е носител на првата Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија чија цел е развој на одржлив еко-систем и со која се потврдува посветеноста за градење на одговорна економија насочена кон луѓето, економија која ги става луѓето пред профитот и промовира демократско управување.

-Социјалните претпријатија постојат за да адресираат општествен предизвик и не се создадени со намерата да креираат профит. Тие се сликата на деловните ентитети од иднината и можностите за трансформација на економијата кон економија која решава општествени предизвици  и која се грижи за благосостојбата на човекот, порача Шахпаска.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ