• Latest

Алијанса „Разбистри сè“ за измените на Законот за минерални суровини: Во законот мора да се вгради учеството на јавноста при носење на одлуки

April 16, 2021

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Алијанса „Разбистри сè“ за измените на Законот за минерални суровини: Во законот мора да се вгради учеството на јавноста при носење на одлуки

April 16, 2021 14:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите главни забелешки дојдоа од теренската активност и она што ние го искусивме како граѓани од издавање на одредени концесии во последниве години. Особено беше искуството на Југоистокот каде што граѓаните најчесто дознаваа за сите издадени концесии, откако целата постапка ќе беше завршена, што значи дека граѓаните нема како да делуваат. Сите забелешки беа во однос на носење на концесиите, детални геолошки истражувања и особено за концесиите за експлоатација, сите одлуки, сите постапки, започнување на постапките да бидат објавени, тука е транспарентноста. И најбитниот дел, учеството на јавноста да биде загарантирано со одржување на јавни расправи, истакна на денешниот брифинг Татјана Чакулев од О2 Иницијатива.

По повлекувањето на измените на Законот за минерални суровини од собраниска постапка на почетокот на годината, Министерството за економија и Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ работеа на новите измени на законскиот текст, како и на вклучување на дополнителни забелешки.

Направени се измени на повеќе од половината членови на предлог-измените и постигната е согласност за значителен дел од предлозите на техничко-технолошките и правните аспекти. Сепак, останати се прашања за кои е договорено дополнително да се расправа, како што е обезбедување јавност на процедурите во сите фази од издавање на концесии, што е во согласност со Архуската конвенција, регулацијата на хидројаловиштата, рекултивацијата на деградираните простори и усогласеноста со Законот за водите.

На брифингот беа образложени заложбите и ставовите на Алијансата „Разбистри сè“ во врска со измените на Законот за минерални суровини, а со оглед на тоа дека законските измени наскоро можат повторно да бидат ставени во собраниска процедура.

– Според нас овој закон за минерални суровини е закон којшто има најмногу последици врз животната средина. Неповратни последици. Генерално со оглед на бројот на концесии кои се доделени за експлоатација во државата, кои се над 360, според последниот регистар, тоа е огромна бројка за толку мала земја, нагласи Чакулев.

Таа потенцираше дека со природните ресурси не се постапува совесно, не се постапува во насока да се заштити животната средина и природното богатство на земјава, меѓутоа, како што рече, се оди на некое базично ниво каде што е најлесно да се распродаде нешто за ситни пари, а огромни се последици, не земајќи предвид дека концесиите кои се дадени се наоѓаат во близина на населени места.

– Ние немаме толкава површина на земја, за да кажеме дека тие концесии се далеку од населените места и дека нема да имаат ефект врз нив, посочи Чакулев.

Таа наведе дека согласно Архуската конвенција, треба да се даде рок од 30 дена за доставување на забелешки од локалното население и поширокото засегнато население во државата, да можат да се достават сите забелешки и тие забелешки да бидат обврзувачки при носење на одлуката.

– Имаше многу членови во кои ние интервениравме со забелешки, меѓутоа ние не знаеме дали било што од овие забелешки ќе биде усвоено, од причини што дел од забелешките беа за измените на законот на кој сега се работеше, меѓутоа дел од забелешките се доставени во целосниот закон, кој не претрпува измени моментално и од причина што досега во законот јавноста не била вклучена на овој начин. Ни беше одговорено дека министерот ќе го даде финалниот збор дали овие забелешки ќе бидат прифатени или не. Иако ние кажавме дека според Архуската конвенција, тие забелешки мора да бидат прифатени. Во законот мора да се вгради учеството на јавноста при носење на одлуки. Особено вакви одлуки кои ќе ги засегаат не само сегашните туку и идните генерации, нагласи Чакулев.

Таа во однос на Законот за прекршоци посочи дека, сегашната верзија на овој закон предвидува намалување на глобите, на казните бидејќи е усогласен со донесениот закон од пред неколку години, законот за прекршоци каде што се намалени сите овие глоби кои се, како што рече, тотално неоправдани и тотално несразмерни во однос на сите последици кои настануваат од овие концесии.

– Во Собрание во постапка е доставена измената на овој закон за прекршоци каде што глобите се зголемени, и дополнително ние работиме и со парламентарната група каде што дополнително имаме и неколку измени и за дополнително зголемување на глобите. Оваа измена на законот за прекршоци, меѓутоа се тоа чека да се откочи работава во Собрание и да може да се донесе овој закон. Потребно е двотретинско мнозинство, наведе Чакулев.

Лилјана Поповска од Зелен институт нагласи дека практично целата контрола, целото водење со рудниците се дава во рацете на рударски инженери, а останатите експерти се исфрлени.

– Затоа ги предложивме следните законски измени, прво делот од членот 38 е простор за експлоатација на минерални суровини, да се дефинира каде воопшто може да се издаде концесија за рудници, а која што ќе бидат и хидојаловишни брани и кажавме дека не смее да биде во заштитено подрачје со природно и културно историско наследство, ниту во близина на населено место, земјоделско земјиште или туристички локалитет, особено водејќи сметка за случаи со хидројаловишна брана во состав на концесијата, рече Поповска.

Таа потенцираше дека тоа е многу важно и е поврзано со движењата за борба против изградба на опасни рудници во близина на населени места што се случија во југоистокот од Македонија.

– Просторот за експлоатација на минерални суровини го дефинираме, што воопшто не беше дефиниран во законот, зборувам за широката верзија на законот. Во делот на стручната подготовка, задолжително внесовме хидроинженери, од градежен факултет, хидротехничка насока коишто треба да бидат задолжени за грижа за браната на хидројаловиштето и воопшто за грижа на се што е поврзано со нејзиното работење. И замислете имаше раководители на разни сектори во рудникот, но немаше во Законот не постои раководител на хидројаловиште, а тоа огроен објект, огромна инсталација во рамките на рударството. Затоа предвидовме, раководител на инсталација за отпад од минерални суровини, градежен факултет, хидротехничка насока, најмалку три години работно искуство, посочи Поповска.

Таа додаде дека внеле обврска за концесионерот при изведување на рударските работи за експлоатација на минерални суровини да управува со инсталацијата за отпад од минерални суровини согласно со Програмата за спречување на значителни опасности, за во случај на хидројаловиште да се грижи за стабилноста на браната и заштита на подземните води и почвата од загадување. Затоа што, како што рече, во сите обврски на концесионерот, хидројаловиштето и браната не беа воопшто спомнати.

– Многу важна работа што ја внесовме во членот 88 е обврска за известување, затоа што не беше предвидено да се извести Инспекторатот за животна средина, туку само Инспекторатот за техничка инспекција и затоа внесовме, концесионерот е должен веднаш, најдоцна во рок од еден час по настанот, писмено да го извести Инспекторатот за животна средина, ЦУК и Дирекцијата за спасување за секоја колективна несреќа, секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените, жителите во дијаметар на можно влијание на животната средина, наведе Поповска.

Таа наведе дека во делот каде што има посебно поглавје во Законот за отпад од минерални суровини, има две вида отпад од минерални суровини, едно е хидројаловиштето, што е точен отпад и цврст отпад што се вика одлагалиште од ископувањето на рудата, тоа се огромни купишта на отпад коишто исто така не се доволно третирани.

– Посебно нагласивме во делот на одлагање на отпадот од минерални суровини, го внесовме терминот, дека онаму каде што содржи одлагалиште коешто е хидројаловиште, хидројаловиштето дека се состои од брана и едно или повеќе таложни езера за да постои како објаснување, наведе Поповска.

Таа истакна дека во неколку членови внеле обврска за поврзување на било кој рудник кој што има хидројаловиште, задолжително со една меѓународна институција што е Меѓународна комисија за големи брани и со еден од нејзините комитети којшто се вика Комитет за јаловишни брани и таложни езера.

– Нема хидројаловиште што ќе исчезне, тоа постои вечно и државата мора да обезбеди грижа за заштита на животната средина и населението, вметнавме дека мора за хидројаловиште да се добие и потврда и од овој Комитет и од Меѓународната комисија за големи и мали брани. Во повеќе членови вметнавме кога се управува со значителни опасности, покрај Државниот инспекторат за техничка инспекција, задолжително да биде вклучен и Државниот инспекторат за животна средина, истакна Поповска.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ