• Latest

На учениците без можност да користат е-учебници, ќе им ги печати училиштето

April 19, 2021

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

На учениците без можност да користат е-учебници, ќе им ги печати училиштето

April 19, 2021 14:18
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини, соопшти Министерството за образование и наука во врска со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој, како што наведува, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои ја надминале класичната употреба на учебниците.

Можноста за користење повеќе од еден учебник по секој предмет, според МОН, ќе ги насочи учениците кон истражување и анализа пред да донесат заклучоци и да меморираат знаења.

Со дигитализацијата, пак, учениците полесно ќе пристапуваат до материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини – филмови, анимации, видео прикази, галерија на слики и задачи, а поедноставно ќе биде и ажурирањето со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година.

– Но, имајќи ја предвид автономијата на наставниците во изборот на материјали и средства за настава, тие може да отпечатат дел од материјалите за потребите на часот, односно училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик кој поради каква било причина нема можност да ги користи електронските учебници. Така што, материјалите за учење и понатаму остануваат бесплатни за сите ученици, вклучително и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудиоформат, информира МОН.

Министерството посочува дека инклузивноста е основен принципи врз кои е создадено новото законско решение кое, меѓу другото, ќе обезбеди и учебници без грешки, нелогичности и стереотипи, како и содржина која ќе биде напишана на авторски јазик разбирлив за учениците и соодветната возраст на учениците.

– МОН и Владата имаат должност целосно да ги исполнат приоритетите дефинирани во Стратегијата за образование 2018-2025 година, со што националниот образовен систем ќе направи крупен исчекор кон интегрирањето во европскиот образовен простор. Северна Македонија нема друга алтернатива освен да вложува во квалитетно образование на своите граѓани, а за тоа неопходни се суштински промени од повеќе аспекти, меѓу кои и промени врзани за обезбедување на изворите на знаење и начинот на пренесување тие знаења кон учениците, наведува МОН.

Со новиот закон е предвидено печатени учебници да се користат во наставата до трето одделение, а повозрасните основци и средношколците да учат од електронски учебници.

Содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование Владата ја утврди на седница во вторникот.

Владината прес-служба тогаш соопшти дека со Законот се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното образование, зашто се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината со цел да се спречи влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ